fbpx

Седница на Парламентарното собрание на Парламентарната димензија на ЦЕИ

-

Миграциската криза како глобален проблем и меѓусебната поврзаност во ЕУ, се темите за кои денеска во македонското Собрание ќе се дебатира во рамки на седницата на Парламентарното собрание на Парламентарната димензија на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ).

Воведни обраќања на седницата ќе имаат претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, заменикот на генералниот секретар на ЦЕИ, Ерик Церновиц, Јулијана Силјановска, претседателка на ПД на ЦЕИ, и Драганчо Апостоловски, заменик на националниот координатор на ЦЕИ.

„Миграциската криза како глобален проблем и предизвик: колку е реално само регионално решение? (Европа, ЦЕИ и Западен Балкан)“ ќе биде во фокусот на првиот дел од состанокот, за која како говорници се најавени министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, и претседателката на собраниската Комисија за европски прашања, Ермира Мехмети.

Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, и шефот на резидентната канцеларија на ЕБОР во Република Македонија, Анка Јоана Јонеску, пред присутните ќе зборуваат за „Меѓусебната поврзаност во ЕУ, со посебен контекст на регионот на ЦЕИ“.

Се очекува седницата да заврши со усвојување на финална декларација.

Седницата на Парламентарното собрание на Парламентарната димензија на ЦЕИ се одржува во рамки на македонското претседавање со иницијативата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Премиерот на преодната Влада, Талат Џафери, како и претседателот Стево Пендаровски, упатија честитка до граѓаните по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот. „Како држава, треба секогаш да размислуваме...