fbpx

Спасов до Ременски: Измислувате афери за политички поени

-

Техничкиот министер за труд и социјална политика, Фросина Ременски, својата неспособност за менаџирање на министерството  и за реализација на проектите во интерес на граѓаните, се обидува да ја компензира  со измислување афери без никаква суштинска основа, реагираат од кабинетот на дополнителниот заменик-министер Диме Спасов на изјавата на министерката Фросина Ременски.

„Очигледно е дека се работи за партиска насока да одржува небулозни прес-конференции без факти и аргументи, непроверени и паушални информации и обвинувања. Фросина Ременски намерно и свесно прави застој во решавањето на предмети по жалба. Јавно ја прашуваме колку предмети реши таа во еден месец министерување? Зошто избегнува да ја информира јавноста, туку се крие зад смислени и оркестрирани напади. Сега ја има одговорноста кај себе. Вршењето министерска функција значи отчет пред граѓаните, а не држење партиски прес-конференции во сала на државна институција. Техничкиот министер оди дотаму што на грбот на најранливите категории сака да добие полички поени“, се вели во реакцијата.

Од кабинетот на Спасов велат дека секој предмет што бил доставен до него е потпишан во најбрз можен рок и нема непотпишани предмети.

„Фросина Ременски наместо да изразува лажна загриженост за корисниците, може да покрене иницијатива за одговорност на службениците што доцнат. И, поважно, бројот на корисници на социјална парична помош е двојно намален поради успешните мерки за вработување кои Владата ги спроведува. Пред десетина години социјалната парична помош можеше да се изгуби за безначајна сума. Секојдневно стигнуваат жалби од вработените од центрите за социјална работа кои не можат да ги извршуваат своите работни задачи поради притисоците што ги поднесуваат. Ременски  ангажира во инспекциски надзори  и членови на нејзиниот кабинет кои немаат статус на инспектори и истите се водат како членови на кабинетот на технички министер“, пишува во соопштението од кабинетот на Спасов.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.