fbpx
Македонија Страница 1561

Македонија

Времето ќе биде топло со мала облачност

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови повремено умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе се движи од 25 до 32 Целзиусови степени. Во Скопје се очекува слично време со температура до 29...

Демонстрантите во Велес преку транспаренти порачаа „Никогаш повеќе ваква власт“

Со транспаренти „Никогаш повеќе ваква власт“, демонстрантите во Велес на масовен протест побараa оставка од претседателот Ѓорге Иванов, за, како што велат, срамниот обид за аболиција на врхушката од власта, пишува „Нова ТВ“. Тие, исто така, барале да се почне процес за избор на експертска влада,...

Македонци во Вашингтон одржаа протест пред Амбасадата на РМ

Македонци иселени во Вашингтон денеска протестираа пред Амбасадата на Македонија, во знак на поддршка за своите сограѓани кои протестираат за владеењето на правото и за демократијата во Македонија, пишува „Радио МОФ“. - Ги поддржуваме нашите сограѓани во нивните барања, оставка на претседателот Иванов, почнување на...

Железничката линија Скопје – Белград ќе биде во прекин до јуни

Меѓународните возови на релација Скопје - Белград и обратно, од утре до 18 јуни нема да сообраќаат, соопшти „Македонски железници - Транспорт“. Како што известуваат од компанијата, двомесечниот прекин на сообраќањето на возовите е поради извршување на градежни работи на пругата на територијата на Србија, на делницата Ниш -...

Талески бара Иванов да ја повлече аболицијата, според него СЈО е незаконско

„Kако градоначалник на Битола, работам искрено, посветено и одговорно за доброто на граѓаните. Бидејќи јас лично никогаш не сум правел криминал, не се чувствувам виновен, не сум виновен и не сакам да бидам изедначен со вистинските криминалци во Македонија. Не сакам да има сомнеж или...

Одлуката за патување во Косово со лични карти стапи на сила

Меѓудржавната спогодба на владите на Македонија и на Косово за условите за патување на државјаните на двете земји со лични карти, од денеска официјално стапи на сила. Почетокот на одлуката денеска го означија македонскиот заменик-министер за внатрешни работи, Агим Нухиу, дополнителниот заменик-министер, Митко Чавков, кои...

Граѓанското движење „Протестирам“ ќе продолжи со протести в понеделник

Граѓанското движење „Протестирам“, кое пет дена по ред организираше протести во кои граѓаните бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов поради одлуките за аболиција, денеска нема да протестира. Следниот протест го закажуваат за утре, со почеток во 18 часот. Местото на собирот дополнително ќе биде соопштено. - Соборци...

Времето денеска топло, со натпросечно висока температура

Времето денеска ќе биде сончево, а метеоролозите предвидуваат натпросечно високa температурa за овој период од годината. Температурата ќе се движи до 31 Целзиусов степен. Во Скопје се очекува слично време, со температура до 28 Целзиусови степени.

Протестот заврши без поголеми инциденти со најава за нови масовни собири

Неколку илјади демонстранти што протестираа поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да аболира лица осомничени за криминал, по едночасовно скандирање „Оставка“ и „Кого браните“ во близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, мирно го завршија денешниот протест. Приодот кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, кај зградата Палома бјанка, беше блокиран...

Груевски: Одлуката на Иванов е патриотска, но не сакам да бидам во ист кош со Заев

Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва во вестите на телевизијата „Канал 5“ изјави дека одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција е патриотски чин, но рече дека сепак не сака да биде ставен во ист кош со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. ­- Го...

Провокатори меѓу демонстрантите кај Порта „Македонија“, протестот продолжува пред Влада

Демонстрантите собрани пред Собранието, тргнаа кон Порта „Македонија“ каде што дел почнаа да фрлаат боја и јајца. Неколку граѓани се издвоија од толпата и почнаа со спреј да пишуваат на Портата. Едно лице, кое според демонстрантите е провокатор, почна да ги удира тие што пишуваа, навлекувајќи го...

Со развиорени знамиња на кои пишува „Непокор“, почна протестот на граѓаните

Граѓани, организирани од граѓанското движење „Протестирам“, денеска повторно се собраа пред објектот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да изразат поддршка за работата на оваа институција. Граѓаните вееја знамиња на кои пишува „Непокор“ и извикуваа „Нема да ве аболираме“, „Нема да ви простиме“, „Затвор за фашистите“...

ДИК го изгласа роковникот, изборната кампањата почнува на 16 мај

Државната изборна комисија денеска го усвои роковникот за извршување на изборните дејства за спроведување на предвремените парламентарни избори, закажани за 5 јуни. Според одлуката на ДИК, избирачкиот список јавно ќе биде објавен на 25 април. Проверката на списокот ќе трае 15 дена, а ќе биде...

Заев со второ писмо го известува Иванов дека не прифаќа аболиција

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, му испрати второ писмо на претседателот Ѓорге Иванов, во кое му соопштува дека ниту бара, ниту прифаќа аболиција. Ова писмо на Заев следува откако претседателот Ѓорге Иванов во обраќање пред јавноста соопшти дека не ја повлекува одлуката за аболиција со која...

Владата повторно ги поништила актите на Ременски и на Спасовски

Владата повторно ги поништила одлуките на министрите од СДСМ, Оливер Спасовски и Фросина Ташевска-Ременски, на седница во четвртокот, информираат од секторот за односи со јавноста на Владата. Како што пишува во соопштението, поништени се актите кои министрите ги донеле од 7 до 14 април. - Актите се...

Мијалков бара Иванов да ја повлече одлуката за негова аболиција

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, бил убеден дека претседателот Ѓорге Иванов имал доба намера, но го повикува да ги повлече одлуките за прекин на постапките што се однесуваат на него, пишува „Прес 24“. Тој смета дека не сторил ништо незаконско и затоа, како...

МВР ја извести ДИК дека сè уште постапува по голем дел од нејзините барања

Во врска со барањата на Државната изборна комисија (ДИК) испратени до Министерство за внатрешни работи за проверка на податоци за гласачи, МВР ја известило ДИК дека сè уште постапува по голем дел од нејзините барања. - Заради фактот што се работи за многу комплексна и обемна...

Граѓаните денеска повторно ќе протестираат

Граѓанското движење „Протестирам“ денеска по петти пат ќе организираат протести, кои ќе почнат пред Специјалното јавно обвинителство во 18 часот. Тие повикуваат на масовен протест и бараат оставка на претседателот Ѓорге Иванов поради, како што велат, срамниот обид да ја попречи правдата и да ги аболира...

ДИК расправа за барањата за податоци што ќе ги испрати до институциите

Членовите на Државната изборна комисија денеска имаат седница на која расправаат за предлог-барањата што ќе ги испратат до институциите, кои во согласност со Изборниот законик треба на комисијата да ѝ ги достават сите податоци за гласачите што таа ги бара. На седницата се разгледуваат барањата за Министерството за...

Хан: Ако партиите не се фокусирани на фер избори, новата влада нема да биде меѓународно признаена

„Навистина сум разочаран од последните настани. Ние инвестиравме многу во договорот од јуни-јули минатата година за да се донесе земјата назад на евроатланскиот пат. Многу од роковите не беа испочитувани кога требаше, но конечно тоа беше направено. И затоа фактот дека сега изборите на...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...