fbpx

Граѓанското движење „Протестирам“ ќе продолжи со протести в понеделник

-

Граѓанското движење „Протестирам“, кое пет дена по ред организираше протести во кои граѓаните бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов поради одлуките за аболиција, денеска нема да протестира.

Следниот протест го закажуваат за утре, со почеток во 18 часот. Местото на собирот дополнително ќе биде соопштено.

– Соборци и соборки, изминативе денови беа интензивни и напорни, но и охрабрувачки. Наместо денеска, со протести продолжуваме утре (понеделник), во 18 часот, побројни, покоординирани и со нови сили и енергија – пишува на фејсбук-страница на движењето.

Покрај оставката на Иванов, активистите на „Протестирам“ бараат и повлекување на одлуката за помилување, како што велат, политичари-криминалци, формирање експертска влада и имплементирање на препораките од извештајот на Прибе за организирање фер и демократски избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...