Мијалков бара Иванов да ја повлече одлуката за негова аболиција

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, бил убеден дека претседателот Ѓорге Иванов имал доба намера, но го повикува да ги повлече одлуките за прекин на постапките што се однесуваат на него, пишува „Прес 24“.

Тој смета дека не сторил ништо незаконско и затоа, како што вели, со одлуката на претседателот, граѓаните нема да имаат можност докрај да се уверат во сценариото кое беше подготвувано со единствена цел, да бидат политички оцрнети влијателни личности од ВМРО-ДПМНЕ.

– Знам дека сум работел чесно и совесно во интерес на безбедноста на граѓаните и на мојата земја. Постапките кои Специјалното јавно обвинителство ги поведе или има намера да ги поведе против мене, немаат никаква правна основа и единствено се базираат на политички нарачан прогон спротивен на Уставот и на законите – вели Мијалков.

Првиот човек на УБК се најде на листата на помилувани од страна на претседателот Ѓорге Иванов за шест дела.