fbpx
Македонија Страница 1397

Македонија

ТВ „Шења“: Дури 259 гласачи сместени на паркиралиште во Тетово

Дури 259 гласачи се сместени на една иста адреса, на паркиралиште во Тетово, објави телевизија „Шења“. Сите се од различни семејства и имаат различни презимиња. Тие се евидентирани дека гласаат на едно исто избирачко место, а живеат на улицата Иво Лола Рибар, број 0. Екипата на...

СДСМ утре на конгрес ќе ги објави кандидатите за пратеници, сите опции отворени

СДСМ утре на конгрес, кој ќе почне во 14 часот во хотелот „Алексадар палас“ во Скопје, ќе ги соопшти кандидатските листи за пратеници во шесте изборни единици во Македонија и во една од дијаспората. Имињата сè уште се тајна, но според одредени информации, се...

ЕК во извештајот ќе изнесе забелешки за судството, слободата на медиумите и за корупцијата

Европската комисија (ЕК) се очекува следната недела, в среда, да даде условена препорака за почеток на преговорите за евроинтеграција на Македонија, но македонските власти по изборите ќе мора да ги исполнат условите и да ги решат нотираните проблеми. Сепак, како што соопшти поранешниот известувач за...

Католичката црква во Албанија денеска ќе прогласи 38 католици за блажени

Католичката црква во Албанија денеска во градот Скадар ќе прогласи 38 католици за блажени. Сите 38 католици ќе бидат запишани во книгата на блажени поради нивната маченичка смрт за време на комунизмот. Мисата ќе ја одржи кардиналот Анџело Амато. Се очекува на настанот да присуствуваат...

Како дефокусираат и како ги „убиваат вестите“: Ти мене на прес, јас тебе во ударен термин

Како што се приближува датумот на изборите, така се разгорува битката за медиумска присутност, а почна и крадењето термини и покривањето на прес-конференции со прес-конференции. Еве само три примери: 3 ноември 2016 г. Оливер Спасовски најавува прес-конференција за сообраќајката на Диме Спасов; Диме Спасов дава ТВ-интервју токму пред прес-конференцијата...

Потопло и сончево време за викенд

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со почести сончеви периоди во централните делови од земјата. Наутро во котлините понекаде ќе има појава на утринска магла, а попладне ќе има услови за краткотраен дожд на северозападот и на крајниот југоисток. Ќе дува слаб...

Бесни роднини демолирале во ГОБ „8 Септември“

Триесетина лица вечерва ја искршиле влезната врата и внатрешни простории во Градската општа болница „8 Септември“ поради смрт на близок роднина и пријател. МВР го потврди случајот. Оттаму велат дека околу 19 часот во болницата е донесено непознато лице кое лекарите се обиделе да го реанимираат,...

Полиција и обезбедување му го чуваа грбот на Телески на денот на ослободувањето на Битола

Четири лица, најверојатно обезбедување, ги пречекаа од автомобилот градоначалникот на Битола, Владимир Талески, и неговата сопруга и ги внесоа во свечената сала на градскиот театар, каде се одржа церемонијата по повод 4 Ноември, денот на ослободувањето на градот. Многубројно беше приватното обезбедување, а голем беше...

Груевски и Фленкенштајн зборуваа за изборите и за европската иднина на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретна со европратеникот Кнут Фленкенштајн. На средбата, според соопштението од владејачката партија, соговорниците разговарале за актуелните состојби во државата, одржувањето на изборите, како и за европските перспективи на Република Македонија. „Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, истакна дека единствен начин за...

Сваровски-судијката за 28 ноември закажа судење за обвинението на СЈО против Грујовски

Кривичниот суд за 28 ноември го закажа судењето на седумтемина обвинети за уништување на документација поврзана со опремата за нелегално прислушување, меѓу кои и поранешниот директор на петтата управа, Горан Грујовски. Станува збор за едно од првите две обвиненија што Специјалното јавно обвинителство ги...

Мијалков си го задржа пасошот, за судијката Јосифовиќ барањето на СЈО е неосновано

Судијката Елена Јосифовиќ го одби како неосновано барањето на Специјалното јавно обвинителство да им бидат одредени мерки на претпазливост, односно да им се одземат пасошите на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски и...

Европратеничката Фајон се сретна со Заев и со Јанева

„Морам да кажам дека давам целосна поддршка на идејата за подобар живот во Македонија. Денеска имавме одлични разговори со господинот Зоран Заев и нашата соработка досега е навистина добра“, изјави Тања Фајон, пратеничката во Европскиот парламент и заменик-претседателка на групата на Прогресивна алијанса на социјалисти...

Мијалков мина два часа во СЈО, вети изјава „во друга прилика“

Околу два часа траеше распитот на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, во Специјалното јавно обвинителство. Мијалков во СЈО пристигна околу 13.30 часот, а си замина околу 15.30 часот, придружуван од адвокатот Никола Додевски и уште едно лице, најверојатно неговиот...

Словачки полицајци ќе ја чуваат јужната граница на Македонија

Словачки полицајци ќе спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, со намера за превенција на неовластено преминување на државната граница и за подобрување на јавната безбедност, информира Амбасадата на Република Словачка во Скопје. Врз основа на меморандумот за разбирање...

Сашо Мијалков дојде на распит во СЈО

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контрараузунавање и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, денеска попладне околу 13.30 часот се појави во Специјалното јавно обвинителство. Од СЈО засега нема официјална информација за кој предмет е повикан Мијалков, но неофицијално се дознава дека...

Коалицијата „ВМРО за Македонија“ потпиша договор, но не ги објави имињата за листите

Коалицијата „ВМРО за Македонија“, составена од ВМРО-НП, Обединети за Македонија и од Достоинство, денеска, во пресрет на Митровденска задушница, во хотелот „Александар палас“ потпиша договор со кој трите партии договорија заеднички настап на претстојните избори. Договорот го потпишаа лидерите на овие партии, Љубчо Георгиевски, Љубе Бошкоски...

Чавков на „Фејсбук“ објави „холивудизиран“ пропаганден видеозапис од вежба на „Тигрите“

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, на својот  фејсбук-профил објави 15-минутен видеозапис во холивудски стил, од вежба на Единицата за специјални задачи „Тигри“. Атмосферата од вежбата, во која се користат снајперски пушки, ракетни фрлачи (РПГ) и „хермелини“, е засилена со драматична музика во заднината,...

Македонка од Австралија ја претепала мајка си до смрт

Дваесетгодишна Македонка од австралискиот град Бризбејн до смрт ја претепала својата мајка поради строгиот македонски начин на воспитување, пишува австралискиот портал „Курир меил“. Симона Зафировска вчера е уапсена и обвинета за убиство, откако доброволно разговарала со полицијата за смртта на нејзината 56-годишна мајка Радица. Порталот пишува...

Светски влијателниот „Базфид“ ја користи агенцијата „Мета“ како извор

Изминатата година, македонскиот град Велес со популација од 45.000 луѓе, доживеа дигитална златна треска кога негови жители отворија најмалку 140 веб-страници што ширеа пропаганда за републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, пишува американската веб-страница „Базфид“. „Базфид“ во својата опширна анализа ја цитира новинска агенција „Мета“ за текстот објавен во...

Обвинети во „Диво Насеље“ префрлени во Охрид, градот под силно обезбедување

Од синоќа, центарот на Охрид, околу објектите на Секторот за внатрешни работи, е под силно полициско обезбедување, што предизвика коментари и вознемиреност кај граѓаните. Веќе втор ден улицата и паркиралиштата пред СВР Охрид, затворот и пред објектот на охридската противпожарна бригада се блокирани и забрането...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...