fbpx
Македонија Страница 1398

Македонија

Утре истекува рокот за пратеничките листи, ВМРО-ДПМНЕ молчи за имињата

До утре на полноќ политичките партии и независните кандидати ќе треба да ги достават листите на кандидати за пратеници до Државната изборна комисија (ДИК), кога истекува рокот за пријавување. Дотогаш ќе трае и увидот во избирачкиот список. Досега само Социјалдемократскиот сојуз ги утврди комплетните кандидатски...

Велешаните со пропагандните веб-страници за Трамп не веруваат дека влијаеле на изборите

Младите велешани кои беа сопственици на стотината веб-страници што пропагираа во корист на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, велат дека не сметаат дека нивните „портали“ имале какво било влијание на крајниот исход од претседателските избори. Дел од нивните пропагандистичките веб-страници или не постојат...

Времето денеска посвежо со помалку дожд

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, малку посвежо и ветровито, со повремени локални врнежи од дожд и од снег на повисоките планини. Врнежите ќе бидат со намален интензитет, а дневната температура се очекува да достигне до 17 Целзиусови степени. Нови врнежи од дожд, а на...

Димитриев – Жбогар: Забелешките во извештајот се нов патоказ за нашите активности

Членството во Европската Унија за Република Македонија останува приоритет и на тоа ќе бидеме силно фокусирани и во наредниот период, истакна премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, по средбата со амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, кој му го предаде извештајот од ЕК за...

Дождот го отсече делчевско Разловци од светот

Наjголемото делчевското село Разловци остана без единствениот премин што води кон градот и околните места. Интензивните дождови изминатата ноќ го однесоа привремениот премин по кој поминуваа жителите. Во водите останаа заглавени два автомобила, а во калта остана и еден трактор. Претпладнето се влечеа возилата од...

Галијата кај МЕПСО со насип се штити да не заплови по Вардар во пластични шишиња

Дождовите што изминативе два дена го зафатија Скопје и зголемениот водостој на реката Вардар ги загрижија надлежените кои денеска почнаа со активности за заштита на галијата кај МЕПСО од евентуална поплава. Галијата денеска беше опколена од пластични шишиња, кои надојдените води на Вардар ги носат од...

СДСМ: По 11 декември Македонија ќе се врати на вистинскиот пат кон ЕУ

„Катастрофалните политики на Никола Груевски и на „фамилијата“ ја држат Македонија заглавена во евроинтеграциските процеси веќе осма година по ред. Поради коруптивната и неодговорна власт, повторно добивме условена препорака за почеток на преговори со Европската Унија“, реагираат од СДСМ по објавувањето на извештајот на...

Иванов до Жбогар: Политичката криза се должи и на статус кво состојбата со евроинтеграциите

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска се сретна со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, кој му го врачи Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2016 година и го информираше за клучните оценки содржани во извештајот, подготвен од Европската комисија. Македонскиот претседател на...

Ад хок телото со предлог за прекршочна постапка против телевизија „Алфа“

Со мнозинство од три наспроти два гласа, Привремената комисија за следење на медиумското претставување на денешната седница даде предлог за поведување прекршочна постапка против телевизија „Алфа“. Предлогот се однесува на членот 75-б од Изборниот законик, кој регулира објавување прилози за активности на државните институции. Двајцата членови...

Жбогар: Сите политичари треба да обезбедат услови за веродостојни избори

Тоа што е позитивно е што препораката за почеток на пристапните преговори останува, но под услов изборите да бидат веродостојни и Договорот од Пржино да биде целосно имплементиран, порача амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар, презентирајќи го најновиот извештај на Европската комисија (ЕК) за напредокот...

Во чест на победата на Трамп, Милошоски ја „преименува“ ВМРО-ДПМНЕ!

Владејачката партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, и нејзините симпатизери во земјава по политичка и по друга линија, нескриено го поддржуваа Доналд Трамп како кандидат на претседателските избори во САД. Задоволството и радоста од победата може да се видат во денешните изјави, во предвидувањата како тоа ќе...

„Анима мунди“ го прашува Мухиќ дали бил коорганизатор на борби со кучиња

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“, инспирирано од колумната на кандидадот за пратеник предложен од СДСМ, Ферид Мухиќ, со наслов „Борба“, јавно го прашува кој е неговиот став во врска со борбите со кучиња и дали бил поддржувач, учесник, коорганизатор на борби со...

Хан: Кризата во Македонија сè уште не е завршена

За Македонија кризата сè уште не е завршена. Има позитивни чекори во однос на Договорот од Пржино, особено со тоа што изборите се закажани за 11 декември и кои се од витална можност за надминување на кризата, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на денешната...

Шилегов: Тринаесетта плата за секое семејство

„Со двајца вработени по семејство, со намалување на невработеноста, со продуктивни работни места, не со фиктивни како што ни се нудат досега, ќе успееме да внесеме среќа во секое наше семејство за да ги зачуваме младите и да обезбедиме живот во нашата држава онаков каков...

ЕК: Единствено СЈО води истраги за корупција на високо ниво

Работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) продолжува во практика да биде попречувана, а Кривичниот суд редовно одбива да одреди истражни мерки (притвори, мерки на претпазливост, н.з.) што ги бара СЈО како дел од истрагите што ги води, стои во Извештајот за напредокот на Македонија,...

Клучните наоди на ЕК: Кризата продолжува, земјата страда од политиката на поделба

Во клучните наоди од извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија се нотира дека во земјата продолжува најголемата политичка криза од 2001 година и дека земјата страда од култура на политичка поделба и од недостиг од капацитет за компромиси. Еве ги накусо забелешките: Меѓуетничка состојба: Сè...

Основци од Тетово протестираа поради тоа што им прокиснува покривот во училиштето

Учениците од Основното училиште „Лирија“ во Тетово, претпладнево протестираа пред општинската зграда, поради тоа што немаат услови за учење, а во нивните училници веќе втор ден прокиснува покривот. - По секој пороен дожд прокиснува покривот, дождовната вода ја пречекуваме во садови. Мора конечно да се...

Иванов до Трамп: Потребна е интеграција на Македонија во НАТО и во ЕУ

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, му честиташе на Доналд Трамп за изборот за претседател на Соединетите Американски Држави. „Дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од свое име, да Ви упатам срдечни честитки по повод Вашиот избор за претседател на Соединетите...

Николовски: Офшор-компании со непознат сопственик ќе нема во Македонија

„Нашите анализи покажаа дека 470 милиони евра годишно од буџетот се трошат незаконски. Тие 470 милиони евра ние ќе ги пренасочиме и ќе ги вратиме кон граѓаните. Се обврзуваме дека ќе се заплени криминално стекнатиот имот и дека ќе се вратат парите испумпани од...

Европската комисија ја повтори условената препорака за Македонија

Европската комисија и оваа година ја повтори условената препорака за членство на Македонија во Европската Унија. Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, кој го презентираше извештајот за Македонија, рече дека земјата мора да ги исполни сите услови предвидени со Договорот од Пржино. - Не...

Кривична пријава против вработена во СВР Скопје, примала мито од 12.500 евра

Поднесена е кривична пријава против 41-годишната И.М. од селото Буковиќ во скопската општина Сарај, а која била вработена во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични...