fbpx

Бугарско МНР: Нашата позиција за Северна Македонија нема да се промени

-

Бугарија нема да ја промени својата позиција кон Северна Македонија во следните месеци, вели бугарското министерство за надворешни работи (МНР) за бугарскиот весник „Труд“. Во одговорот се вели и дека ниту една бугарска влада не може да ги предаде 88 540 граѓани на Северна Македонија што имаат бугарски пасоши.

„Бугарија ќе продолжи со своите напори да им ги објасни на нашите партнери бугарските проблеми во врска со Република Северна Македонија. Очекуваме реален пристап на солидарност и разбирање од следното претседателство. Би било неразумно да очекуваме дека бугарската позиција ќе се промени. Оваа позиција е предмет на надпартиски консензус и 84% јавна поддршка. Да не заборавиме колку бугарски граѓани се наследници на бегалци од Вардарска Македонија. Според Министерството за правда, 88.450 граѓани на Република Северна Македонија, исто така, имаат бугарско државјанство. Ниту една бугарска влада не може да ги предаде овие луѓе“, стои во одговорот на министерството.

Оттаму велат и дека со одложувањето на усвојувањето на преговарачката рамка, Бугарија ги бранела својот национален интерес и националната позиција, а дека евентуално потпишувањето на анекс кон Договорот за добрососедство не може да ги реши отворените прашања во односите со Македонија.

„Веќе постои Договор за добрососедство кој во 2017 година е ратификуван од двете страни и доставен до ООН, што Република Северна Македонија не го спроведува. Ништо не дава причина да веруваме дека друг потпишан документ ќе ја промени оваа практика на неисполнување на меѓународните обврски“, се наведува во одговорот.

Одложувањето на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ не е во интерес на Бугарија, порачува бугарското МНР.

„Интересот на Бугарија е конечно да бидат решени отворените прашања в односите со Република Северна Македонија и процеост на интеграција на сите држави од Западен Балкан да продолжи успешно. Не наоѓаме никакво задоволство во позицијата што Скопје нѐ принуди да ја заземеме, откако со децении Бугарија ја обезбеди сета можна поддршка за нашите браќа од другата страна на границата. Со ставот што го зазеде Бугарија во рамките на Советот на ЕУ, нашата земја го одложи усвојувањето на рамката за преговори за Република Северна Македонија со цел да се вклучи јасно и обврзувачко барање за Република Северна Македонија за спроведување на Договорот за добрососедство со Бугарија. Со оглед на сегашното неисполнување на Договорот од страна на Република Северна Македонија, Бугарија нема да може да ја донесе преговарачката рамка без овие гаранции“, наведува бугарското МНР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...