fbpx

Осумчлено македонско семејство ќе се евакуира од Судан

-

Министерството за надворешни работи информира дека осумчлено семејство, државјани на Република Северна Македонија, се наоѓа во загрозените подрачја на Судан за кое се работи на активности за да се обезбеди скора евакуација и трансфер на безбедна локација од каде подоцна би се обезбедил трансфер кон земјава. Преку амбасадата во Каиро семејството потврдило дека сите членови се во добра здравствена состојба.

„Министерството преку дипломатската мрежа во регионот е во постојана комуникација со колегите од пријателските земји, чии амбасади се сѐ уште активни на територијата на Судан. Информираме дека во тек се активности за да се обезбеди нивна скора евакуација, и трансфер на безбедна локација од каде подоцна би се обезбедил трансфер кон земјава“, велат од МНР.

Претходно, четворица македонски државјани го напуштија Судан и се наоѓаат во Саудиска Арабија, на безбедна локација, во добра здравствена состојба и наскоро ќе бидат вратени во земјава.

Од Министерството апелираат доколку има наши државјани кои се наоѓаат во Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро на телефон +201033615542 и е-мејл [email protected], Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби на следниот телефонски број +971 56 441 7532 и е-мејл адреса [email protected], како и Министерството за надворешни работи на СОС телефонот + 389 75 273 732 и емејл [email protected]

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...