fbpx

Бугарски весник со препорака: Охрид е најдобрата дестинација за Велигден

-

Во новиот викенд-додаток објавен изминатиов викенд, бугарскиот дневен весник „Телеграф“ на две страници објави препорака за своите читатели претстојните велигденски празници да ги поминат на брегот на Охридското Езеро. Текстот како предности на Охрид ги нуди културното наследство, прекрасните глетки и вкусната храна, но истовремено препорачува и други дестинации, како манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ крај Крива Паланка и Мавровско Езеро, како рај за рибарите.

Текстот, кој е поприлично афирмативен и лесно читлив, сепак не е имун од грешки. Така, пишувајќи за манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, авторката вели дека светецот чие име го носи манастирот бил следбеник на Свети Јоан Рилски, но неговото житие, во различни варијанти, кажува дека тој бил „соподвижник“ на Свети Јоан Рилски, Свети Прохор Пчински и Свети Гаврил Лесновски и дека заедно се подвизувале со аскетски живот и молитва, а во еден миг се разделиле и сите тргнале на различни страни.

Уште една недоумица предизвикува една друга работа од текстот поврзана со црквите и манастирите. Имено, текстот, уште со самиот наслов „365 храма нè примамуваат во Охрид“ продолжува со еден мит, кој рака на срце, се пропагира и во Македонија, а тоа е дека градот има 365 цркви – за секој ден во годината по една. Но тоа не е така, оти можеби и да се соберат сите цркви и остатоци од цркви на бреговите на Охридско Езеро, не би се стасало до толку голема бројка.

Дополнително, додека во Бугарија се продаваше „Телеграф“ со афирмативниот текст за Охрид и Македонија, пред седиштето на ВМР0-БНД, се делеше брошура на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, како дел од кампањата за новите избори за ЕП, кои ќе се одржат на 26 мај. Во неа, отпечатена е неговата тврдo националистичка изјава – дека Македонија, за него никогаш нема да биде Северна, Јужна, Горна или Долна – туку секогаш бугарска – „Еден народ – две држави“, стои во брошурата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...