fbpx

Бугарија гласа по петти пат во последните две години

На овие избори се гласа и со хартиено ливче и со машини, пишува „Медиапул.бг“, додавајќи дека мнозинството во минатиот парламентарен состав направи големи напори да го врати старото ливче по последните избори кога гласањето се одвиваше само машински

-

Во Бугарија денеска повторно се одржуваат вонредни парламентарни избори. И тоа по петти пат во последните две години. Како што јавува „Медиапул.бг“ изборите денеска започнаа навреме, точно во 7 часот утрото. За сега нема прекршување на изборниот процес.

Но, како што јавуваат бугарските медиуми, во околу 40 изборни одбори електронското гласање е заменето со гласање на гласачки ливчиња. Ова за Бугарското национално радио (БНР) го соопшти портпаролката на Централната изборна комисија (ЦИК), Росица Матева.

Како што вели таа оштетени биле 16 машини за гласање и тоа било познато уште вчера, а објектите каде што се наоѓале тие се во Софија, Бургас и Стара Загора. Причините за оштетувањата се наводно технички. 

„Во овие делови, ние продолжи во моментов само со хартиени гласачки ливчиња“, рече Матева. 

Претходно, претседателката на ЦИК Камелија Неикова изјави дека во саботата на социјалните мрежи имало многу наводи за прекршоци. Но, таа коментира дека ваквите извештаи не се предмет на проверка од комисијата.

Изборниот ден започна мирно, соопшти МВР. Од таму тврдат дека се преземени сите мерки за одржување на редот и безбедноста. 

На овие избори се гласа и со хартиено ливче и со машини, пишува „Медиапул.бг“, додавајќи дека мнозинството во минатиот парламентарен состав направи големи напори да го врати старото ливче по последните избори кога гласањето се одвиваше само машински.

Во Бугарија има 11.818 избирачки одбори, а машински ќе се гласа во 9.366. Бугарската дијаспора ќе гласа во вкупно 737 одбории во 61 земја.

На овие избори има вкупно 4.566 кандидати за пратеници. На гласањето му претходеа серија лажни закани за бомби кон стотици училишта каде се наоѓаат избирачките места. Од МВР ветија дека изборите нема да бидат прекинати доколку се добијат нови сигнали.

Лажни дојави за бомби како закана за изборниот процес во Бугарија, може да влијаат на одѕивот на гласачите

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...