fbpx

БСП го врати мандатот, нови избори во Бугарија најверојатно во април

-

Бугарската социјалистичка партија (БСП) денеска и формално го врати мандатот за формирање влада. Тоа беше третиот мандат во рамките на најновиот обид Бугарија да добие политичка влада, а по ова Бугарија треба да организира нови парламентарни избори, коишто претседателот Румен Радев најверојатно ќе ги закажe за април, пишува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg.

„Направивме сѐ што е неопходно за да го исполниме третиот мандат. Извршивме четири важни задачи за нормална влада и парламент. Ги поканивме сите партии на средба. И од тие што дојдоа, и од тие што не дојдоа, стана јасно дека нема мнозинство за составување влада“, рече претседателката на БСП, Корнелија Нинова, враќајќи го мандатот на Радев.

Следниот чекор сега е бугарскиот претседател да го распушти парламентот и да ги закаже предвремените парламентарни избори. Тоа ќе бидат петтите такви избори во период од две години.

Теоретски, можно е изборите да се организираат и на 26 март, но пред неколку дена Радев кажа дека тоа не е погоден датум за избори, поради информациите од Централната изборна комисија (ЦИК) дека до тој ден нема да биде обезбедена хартија за ливчињата за машинско гласање, пишува mediapool.bg.

Денеска претседателот на ЦИК кажа дека најдобро би било изборите да се организираат на 23 април, но дека и 2 април е можен датум.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...