fbpx

Британија ќе бара поголема безбедност на странските аеродроми

-

Британската влада ќе се заложува за поголема безбедност на странските аеродроми во различни подрачја, дури ако тоа значи дополнително доцнење за патниците, изјави денеска шефот на британската дипломатија, Филип Хамонд.

Хамонд рекол дека тоа значи дека на местата каде што постои поголема локална закана ќе треба да се зголеми нивото на безбедност, што е неопходно и можеби ќе предизвика додатни торшоци и додатни доцнења на аеродромите.

Во фокусот ќе бидат подрачјата на кои што се знае дека дејствува Исламска држава, доколку се утврди дека оваа екстремистичка организација стои зад уривањето на рускиот авион.

– Доколку се утврди дека станува збор за уред кој го поставил некој оперативец на ИД или некој инспириран од идеологијата на ИД, тогаш е јасно дека мора да го преиспитаме нивото на безбедност на аеродромите на подрачјата каде што ИД е активна – додаде Хамонд.

Околу 3.300 Британци кои се наоѓаат во Шарм ел Шеик во договор со владата се враќаат дома во авиони испратени од Лондон.

Британија одлучи да ги суспендира летовите до египетските летувалишта поради сомневање дека во рускиот авион била внесена бомба која предизвикала експлозија над Синајскиот Полуостров при што загинаа 224 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...