Борко Ристовски: Да им биде прекината државната помош на спортистите кои рекламираат казина и обложувалници

Појавувањето на истакнати македонски спортисти во рекламни кампањи на обложувалниците и казината предизвика жестоки реакции во јавноста, а Ристовски вели дека е „доволно“ и дека е потребно да се воведе ред

-

Да им биде прекината помошта што ја земаат од државата спортистите кои рекламираат казина и обложувалници, затоа што е недостојно за кој било спортист да го прави тоа, вели министерот за спорт Борко Ристовски во интервју за „Рес Публика“.

Појавувањето на истакнати македонски спортисти во рекламни кампањи на обложувалниците и казината предизвика жестоки реакции во јавноста, а Ристовски вели дека е „доволно“ и дека е потребно да се воведе ред.

„Се однесува и на рекламирањето на обложувалници, се однесува и на недостојно однесување, генерално, на сите претседатели коишто се однесуваат така, на нивното работно место и надвор од него. Мора да создадеме градација, да кажеме дека дотука е доволно, а на сите оние коишто добиваат државна помош и притоа рекламираат казина и обложувалници да им биде прекината помошта што ја земаат од државата, затоа што мислам дека е недостојно за кој било спортист да рекламира спортски обложувалници“, вели министерот Борко Ристовски во интервјуто за „Рес Публика“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...