четврток, 11 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: обложувалници | 13 резултати

Казина и обложувалници на најмалку 500 метри од училиштата – усвоен законот за игри на среќа

7 февруари 2024

Собранието денеска ги усвои измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, предложен од Владата со европско знаменце во кои, меѓу другото, се предвидува објектите за игри на среќа да бидат оддалечени не помалку од 500 метри од основните и средните училишта. Опозицијата побара точката да се тргне од дневен ред на […]

МВР со акција во ресторани, казина и обложувалници: Приведени се тројца, пронајдена е дрога

2 април 2023

Министерството за внатрешни работи од полноќ до 4:00 часот утрово спровела акција во ресторани, казина и обложувалници, при што се приведени три лица. Кај еден од приведените полицајците пронашле седум пакувања марихуана, кај друг е откриено оружје, а третиот е задржан поради точење алкохол на малолетници, соопшти МВР. Во акцијата биле опфатени 290 угостителски објекти, […]

Анти-коцкање: Објектите на игрите на среќа треба да се затворат, исто како во Албанија и во Косово

11 февруари 2023

Движењето Анти-коцкање реагираше по изразеното незадоволство од Асоцијацијата на работниците на игрите на среќа на Северна Македонија, во врска со последните предлог измени на законот за игри на среќа. Од ова движење велат дека за прв пат во седум години се на иста линија со Асоцијацијата на обложувалници, но како што велат, на спротивни правци. […]

Петта година се зборува за оддалечување на казината и обложувалниците од училиштата, но не се презема ништо

31 декември 2022

Веќе петта година по ред се зборува за ограничување на отворањето на казина и обложувалници во близина на школите во земјава, но засега ништо не е преземено во оваа насока. Покрај ваквата мерка предложена од Министерството за финансии на почетокот од 2018 година, и партијата Алијанса за Албанците пролетва поднесе свој предлог-закон со кој предложи […]

Обложувалниците и автомат клубовите „никнуваат“ како печурки

23 октомври 2020

Драстичен пораст на бројот на обложувалници и автомат клубови има во периодот 2016-2019 година. Според податоците од новиот извештај на Државниот завод за ревизија за усогласеност на Основниот буџет на Република Северна Македонија бројот на автомат клубови пораснал од 131 во 2016 година на 257 во 2019 година, а бројот на обложувалници во истиот период […]

Обложувалниците му даваат најголеми шанси за победа на Вучиќ

15 март 2017

Според обложувачките коефициенти што ги објавија двете најголеми облажувалници во Србија, на претстојните претседателски избори ќе победи актуелниот премиер и лидер на Српската напредна партија, Александар Вучиќ, но процентите се разликуваат во поглед на тоа дали победата ќе се случи во првиот или вториот круг. Во двете обложувалници, по Вучиќ како фаворит, следуваат опозициските кандидати, поранешниот омбудсман, […]

УЈП затвори шест нелегални обложувалници во Струга, Кичево и во Дебар

2 октомври 2015

Полициски екипи и инспектори на Управата за јавни приходи (УЈП) во средата оваа недела, извршиле контрола во осум обложувалници во Струга, Кичево и во Дебар и во шест од нив констатирале дека организаторите на игри на среќа работат без лиценци, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради незаконско работење, од обложувалниците, инспекторите на УЈП одзеле […]

Италијанската полиција заплени имот вреден 2 милијарди евра, сопственост на Ндрагета

22 јули 2015

Италијанската полиција во серија рации запленила имот вреден околу 2 милијарди евра, сопственост на моќната мафијашка организација Ндрагета, јавуваат медиумите. Според информациите, запленети биле 1.500 обложувалници, 82 интернет-страници за коцкање, 45 италијански и 11 странски фирми што ги поседувала Ндрагета, организација која, според експертите, ја раководи трговијата со кокаин во Европа, а од полицијата биле издадени […]

Затворени обложувалници во Тетово

30 мај 2015

Полициски службеници од СВР Тетово, вчера попладне, во соработка со инспектори од УЈП, спроведоа заедничка акциска контрола во три спортски обложувалници во Тетово, кои нелегално, односно незаконски работеле без потребните лиценци. Од објекти одземени се 17 телевизори, осум компјутери, девет монитори, седум принтери и 95.570 денари. Одземената опрема пренесена е во СВР Тетово за понатамошна постапка, додека против […]

Страна 1 од 1