fbpx

Бомба скриена во детска количка го урнала рускиот авион во Египет

-

Експерти на меѓународната техничка комисија ја соопштија причината за падот на рускиот патнички авион во Египет минатата година.

Како што пишува рускиот весник „Комерсант“ повикувајќи се на извори блиски до истрагата, во руското летало била поставена бомба при што загинаа 224 патници и членови на екипажот.

Стручњаците утврдиле дека терористите ја поставиле експлозивната направа во карго-делот кој се наоѓа во опашката на авионот. Бомбата била сокриена во детска количка.

Експлозијата предизвикала одвојување на опашката на авионот, што предизвикало неконтролирано понирање на авионот.

Трагедијата на небото над Синај се случи на 31 октомври минатата година. Авионот „А321“ летал од Шарм ел Шеик за Санкт Петербург.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...