fbpx

Бојкот на наставата и во охридското економско училиште „Свети Кирил и Методиј“

-

На вчерашниот бојкот на наставата од средношколците од гимназијата „Свети Климент Охридски“, се приклучија и нивните врсници од трета и од четврта година во новоформираното средно стручно училиште „Свети Кирил и Методиј“ – поранешни економски паралелки на гимназијата.

Револтот го искажуваат со мирен собир во дворот на училиштето во времето кога треба да се одвиваат часови. Нема да ја посетуваат наставата, додека писмото со барања, идните матуранти го доставиле до директорот на училиштето.

Како што велат средношколците, новиот концепт на полагање на државната матура негативно се одразува и врз сегашните матуранти и врз идните, и не придонесува за повисок квалитет и за повисоки знаења.

– Тука е вклучено електронското полагање и полагањето во седум дена, кое за нас е многу напорно, несигурно и неприфатливо – велат охридските ученици што ја бојкотираат наставата.

Директорите на другите две средни училишта во Охрид, „Свети Наум Охридски“ и „Ванчо Питошески“, информираат дека таму наставата редовно ја следат сите ученици.

Средношколците од Охрид што не го поддржуваат сегашниот концепт на државната матура, за утре најавија дека ќе излезат на мирни протести во центарот на градот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...