fbpx

Богојески: Груевски ги брани интересите на десетина лица

-

Никола Груевски ги брани интересите на десетина лица, а чекорите што ги презема потсетуваат на времето на Слободан Милошевиќ, вели Петар Богојески, еден од Иницијативата за реформи и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС.

– „Новата ера“ на Никола Груевски во Македонија се спореди со онаа на Милошевиќ, но во никој случај не може да се зборува за некаква „нова ера“ за самиот Груевски. Што значи тоа? Дали сега ќе имаме „нов Груевски“? Тоа е сосема неразбирливо, не само за нашите гласачи, такво нешто не постои дури и во политичката литература – вели Богојески.

Тој вели дека патриотизмот на Груевски е само една манипулација за прикривање на неговата беспомошност.

– Ние немаме потреба од псевдопатриотизaм за личниот интерес на десетина лица. Ние имаме потреба од автентичен македонски патриотизам, заснован на европските вредности, а тоа е нашата крајна цел – евроатланска интеграција. Лично јас токму во оваа насока го разгледувам Договорот со Бугарија како договор што ги штити македонските национални интереси – вели Богојески.

Во интервјуто, Богојески вели дека ако е загрозена политичка кариера на еден политичар, тоа не значи дека иднината на републиката е загрозена.

– Ние не треба да бидеме заложници на неодговорни политичари кои ги претставуваат нашите лични интереси како национални. За нас, како ВМРО-ДПМНЕ, е многу важен фактот дека без Никола Груевски сакавме да постигнеме многу подобар резултат. За жал, сепак, и покрај нашите предупредувања, инаетот на Груевски беше поважен од нашиот партиски интерес и влеговме во кампања под негово раководство, а поради таа причина е загрозена победата на ВМРО ДПМНЕ во многу општини – вели Богојески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...