„Мост“ го осуди насилството во кампањата за локалните избори

-

Граѓанската асоцијација „Мост“ денеска најостро го осуди насилството од каков било вид и ги повика учесниците во изборите да се воздржат од злоупотреба на вакви и на слични настани за изборни цели, а надлежните институции темелно да ги истражат инцидентите.

Од асоцијацијата наведуваат дека во текот на кампањата биле забележани неколку изолирани случаи на злоупотреба на јавни ресурси, најчесто од градоначалници кои се кандидати на изборите.

„Забележан е притисок за присуство на партиски настан во една општина и организирање партиски настани во текот на работното време во две општини од страна на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, како и еден случај на уценување за гласање за независен кандидат“, велат од „Мост“.

Во однос на работата на изборната администрација, од „Мост“ наведуваат дека дел од одлуките на Државната изборна комисија биле донесени на седници за кои набљудувачите не биле информирани.

„ДИК не ги усвојува своите записници навремено, што оневозможува целосен увид во нејзината работа, а дел од усвоените одлуки и извештаи не се објавени на нејзината веб-страница“, стои во соопштението.

Од „Мост“ нотираат дека измена на Изборниот законик не смее да се врши во тек на изборниот процес, алудирајќи на измените кои беа направени за да се смени составот на ДИК, односно во неговиот состав да влезе и претставник од втората најголема политичка партија од парламентарната опозиција.

Полицијата се сомнева дека дел од пожарите во кои до сега две лица починаа, се подметнати

Пожарите што деновиве ја зафатија Македонија можеби не се последица само на високите температури и силниот ветер. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција изјави дека постојат основани сомнежи...

Македонија го активираше ЕУ-механизмот за помош во справување со пожарите, Грција испраќа два канадери и пешадиски тимови

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, попладнево на прес-конференција информираше дека поради сериозноста на ситуацијата со шумските пожари низ државата, активиран е Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија. „Денес е активиран...

Делумно нормализиран сообраќајот кон Блаце, пуштена за сообраќај и скопската обиколница

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека скопската обиколница е целосно пуштена за сообраќај, а од 17:20 часот денеска сообраќајот кон Граничниот премин Блаце е повторно отворен, но само за патнички...

Основното јавно обвинителство издаде наредби и насоки за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово

Основното јавно обвинителство Скопје постапува во координација со Министерството за внатрешни работи, како и со Здружението на новинари со цел итно обезбедување на сите докази во врска со информациите дека екипа...

Полицијата се сомнева дека дел од пожарите во кои до сега две лица починаа, се подметнати

Пожарите што деновиве ја зафатија Македонија можеби не се последица само на високите температури и силниот ветер. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција изјави дека постојат...