(Фото: finance.bigmir)

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) информираше дека малопродажните цени на нафтените деривати од ноќеска согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,92 отсто.

Малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-95“ и на еуродизел се зголемуваат за половина денар за литар и со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 67,50 денари за литар, а малопродажната цена на еуродизел ќе изнесува 58,50 денари за литар.

Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-98“ не се менува, и останува 69 денари за литар.