Бензините поевтинуваат, дизелот од ноќеска ќе поскапи

Со најновата одлука на РКЕВУ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25 отсто во однос на одлуката од 29.9.2023 година

-

Нафтените деривати со нови цени од ноќеска на бензинските станици низ земјава. Еуросупер БС-95 ќе поевтини за еден денар за литар, додека цената на Еуросупер БС-98 ќе се намали за половина денар за литар. Малопродажната цена на Еуродизел ќе се зголеми за половина денар, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

Од полноќ на бензинските станици Еуросупер БС-95 ќе чини 86 денари за литар, додека Еуросупер БС – 98 ќе може да се набави за 88,50 денари за литар. Дизел горивото ќе може да се купи за 86 денари за литар, додека екстра лесното масло  (ЕЛ-1) ќе чини 85 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,055 ден/кг и сега ќе изнесува 48,660 денари за килограм.

Со најновата одлука на РКЕВУ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25 отсто во однос на одлуката од 29.9.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,615 отсто, кај дизелот зголемување за 0,609 отсто, кај екстра лесното масло има намалување за 0,821 отсто и кај мазутот намалувањето е за 0,998 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,178 отсто.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...