fbpx

Бензините од ноќеска поевтинуваат за денар, дизелот за еден и пол денар

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,93 отсто. Од ноќеска на полноќ цената на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за еден денар за литар. Па така, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 58,50 денари за литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 60,50 денари за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денари за литар и од ноќеска на бензинските станици ќе можат да се набават по цена од 49 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,407 денари за килограм и ќе изнесува 24,549 ден/кг.

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување и тоа: на бензинот за 5,950 отсто, на дизелот за 9,999 отсто, на екстра лесното масло за 9,239 отсто и на мазутот за 9,018 отсто. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,496 отсто, соопштуваат од РКЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...