fbpx

Бензините и дизелот поевтинуваат за 3,5 денари

-

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 3,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 57,5 денари за еден литар, „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 59,5 денари, а „ еуродизел“ за 39 денари за еден литар.

Како причина за намалувањето на малопродажната цена на нафтените дривати од РКЕ ги посочуваат за 19,51 отсто пониската просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,143 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...