Бени Шаќири е нов директор на МКЦ

Од МКЦ денеска добиле известување за новоназначениот директор

-

Музичарот Арбен Шаќири од денеска е назначен за директор на Младинскиот културен центар, а од утрово веќе дошол во МКЦ. Тој ја поднесе својата кандидатура за директорското место изминатата година. Другите кандидати за оваа позиција беа продуцентот и филмски работник Никола Мадиќ, кој е сопруг на заменичката-министер за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, како и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор, магистер по менаџмент на јавни установи.

Мета се обиде да стапи во контакт со Шаќири, но тој не одговори на нашите повици.

На почетокот на 2023 година, програмскиот колегиум на МКЦ објави на социјалните мрежи дека претходниот директор Ванчо Богоев бил сменет од својата позиција поради „неподлегнување на екстремните притисоци од Генералниот секретар на Град Скопје да потпише вработување на Шаќири“. На неговото место како в.д. директор дојде Никола Алексов, дипломиран детектив, без работно искуство во областа култура.

Шаќири беше претендент за директорската позиција и во 2019 година. Тогаш, повеќе од 200 независни уметници и активисти се потпишаа на отворено писмо во кое се спротивставуваа на тоа, Шаќири да биде директор, сметајќи дека не ги исполнува условите за раководење со МКЦ.

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите на семејството...

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите...