fbpx

Бектеши: Не е точно дека угостителите не сакаат помош, има голем интерес за кредити

-

Министерот за економија Крешник Бектеши на прес- конференција ги демантираше информациите од туристичко – угостителската комора, при Сојузот на стопански комори, ССЈ, што беа презентирани вчера дека угостителите не сакаат да ги користат мерките за поддршка, затоа што се недоволни и селективни, дека ќе го зголемат задолжувањето и нема да им олеснат во надминување на кризата.

Министерот Бектеши потенцира дека сите мерки се донесени во соработка со приватниот сектор, стопанските комори и асоцијации.

„Според податоците од Развојната банка има голем интерес и апликации на компании токму од овој сектор. Сите стопански комори се дел од Координативното тело за туризам и активно работат во предлагање на мерки за ублажување на кризата, кои преку Министерството за економија се предлагаат во Владата. Владата на почеток на кризата имаше целосно разбирање за секторите туризам, угостителство и транспорт и првите мерки кои се донесоа ги опфатија токму овие сектори, со можност тие да искористат бескаматни кредити, субвенционирани придонеси како и намалена каматна стапка. Со вториот пакет мерки беа обезбедени дополнителни средства за бескаматни кредити, а исто така им беше овозможено на компаниите да искористат средства за исплата на минимална плата од 14.500 денари за вработен“, потенцираше министерот.

Тој рече дека сега не е време за уцени како и дека во туристичко – угостителскиот сектор во државата има над 30 илјади вработени.

„Јасно е дека дел од нив постојано се во обид да работат на црно и се креативни во изнаоѓање на решенија како да избегнат плаќање на давачки кон државата, но инспекторите ќе продолжат да го санкционираат таквото работење“, рече Бектеши.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, ЕУ е приоритет – колку остварлив, не се знае

Во своите изборни програми СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја нудат ЕУ како највисок надворешен приоритет на државата. СДСМ бара уставни промени веднаш и ветува започнување и завршување на преговорите до...