fbpx

Бектеши: Инфлацијата се намалува, од четврток нема веќе замрзнати цени

Бектеши истакна дека ситуацијата со цените на производите се следи, така што доколку биде забележана злупотреба од трговците, ќе бидат спроведени соодветни мерки

-

Од четврток нема да има производи со замрзнати цени. Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека нема да ја продолжи мерката, чија важност завршува в среда, 31 мај.

„Нема да продолжи мерката за замрзнување на цените на земјоделските производи, имајќи предвид дека цената на одредени производи веќе е пониска од утврденото ниво. Инфлацијата во делот на прехранбените производи нагло се намалува, така што очекуваме во јуни инфлацијата во земјата да биде пониска од десет насто“, рече Бектеши, по средбата со министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарац.

Бектеши истакна дека ситуацијата со цените на производите се следи, така што доколку биде забележана злупотреба од трговците, ќе бидат спроведени соодветни мерки.

„Согласно последните податоци, инфлацијата оваа година ќе биде под проектираното ниво. Во делот на различни мерки, ние на дневна база правиме анализи и секогаш може да се усвојат, тоа ќе го правиме секако во соработка со стопанските комори“, рече Бектеши.

Владата во последниве месеци ги замрзна цените на лебот, тестенините, јајцата, оризот, на дел од зеленчукот, овошјето, дел од хигиенските производи и од млечните продукти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Superman Batman WonderWoman image by DC

Гал Гадот, Хенри Кавел и Бен Афлек ќе играат негативци во новите „DC“ филмови

Гал Гадот - една од најубавите актерки во Холивуд која има еврејско потекло и е најпозната по својата маркантна улога на „Wonder Woman“ (Вондервуман), заедно со Хенри Кавел, познат...