понеделник, 8 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: замрзнати цени | 12 резултати

Од денеска не важат замрзнатите цени на дел од основните прехранбени продукти

1 јуни 2023

Владината одлука за замрзнување на цените за дел од основните прехранбени продукти престанува да важи од денеска. Министерот за економија Крешник Бектеши пред два дена изјави дека нема да ја продолжи мерката, со оглед на тоа што инфлацијата во делот на прехранбените производи нагло се намалува. „Нема да продолжи мерката за замрзнување на цените на […]

Бектеши: Инфлацијата се намалува, од четврток нема веќе замрзнати цени

29 мај 2023

Од четврток нема да има производи со замрзнати цени. Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека нема да ја продолжи мерката, чија важност завршува в среда, 31 мај. „Нема да продолжи мерката за замрзнување на цените на земјоделските производи, имајќи предвид дека цената на одредени производи веќе е пониска од утврденото ниво. Инфлацијата во делот […]

Бектеши: Направени се корекции во цените, нема веќе да се кријат производи од рафтови

11 април 2023

Денеска на владина седница била донесена одлука за корекција во делот на замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, информираше министерот за економија Крешник Бектеши. „По консултациите со увозниците на овошје и зеленчук и со претставници од Стопанската комора на Северна Македонија кои ги имавме минатата недела и согласно доставените податоци и од Царинската управа, […]

Пазарните инспектори продолжуваат со казни за непочитување на замрзнатите цени

30 март 2023

Над 500 инспекциски надзори на целата територија на државата извршил Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатата седмица. Во периодот од 20 до 26 март пазарните инспектори издале над 180 прекршочни платни налози со вредност над 6,5 милиони денари. Најголем дел од казните биле издадени за прекршување на Законот за трговија, потоа за прекршоци според […]

Владата ги замрзна цените на јајцата и оризот, ограничен извозот на јајца

21 март 2023

Владата ги замрзна цените на јајцата и на оризот и го ограничи извозот на јајца. Цените се замрзнуваат на нивото на кое биле на 15 март, што значи дека не може да се продаваат по повисоки цени од тие што биле на тој датум. Одлуката ја соопштија премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник […]

Битиќи: Трговците сè уште не ги намалиле цените на тестенините и на млечните производи, имаат рок уште два дена

14 март 2023

Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања денеска изјави дека според информациите со кои располага, трговците сè уште не ги намалиле цените на тестенините и на млечните производи. Инаку, намалувањето треба да стапи во сила на 16 март, но дотогаш им беше оставен простор на трговците да се подготват и дел од нив, доколку се во […]

Контраспин: Спинувањето околу лебот им се чини „вкусно“ и на партиите и на бизнисот

4 март 2023

„Вистиномер“ утврди повеќе спинови од политичките партии и од дел од бизнис заедницата за причините зошто нема бел и полубел леб во голем дел од продажните места во земјата, состојба што настана по одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот на 33 денари донесена на 28.02.2023 година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот […]

Од утре на рафтовите ќе има леб за 33 денари, производителите почнуваат правна битка со Владата

3 март 2023

Од утре во маркетите ќе почне да се испорачува бел и полубел леб од 33 денари, соопштија од Групацијата на мелничко пекарската индустрија. Сепак, како што соопшти претседателот на Групацијата, Горан Малишиќ, ќе биде поведена правна постапка за наплата на штетата што се претрпува од владината одлука за замрзнувањето на цената на лебот. Малишиќ вели […]

Страна 1 од 1