fbpx

Бегалци од островот Хиос се обиделе со пливање да избегаат кон Турција

-

Ситуацијата со бегалците во Грција од ден на ден станува сè потешка. Бегалците и мигрантите во очај од беизлезната ситуација во која се заглавени, се обидуваат дури и со пливање да стигнат од грчките острови до турскиот брег. Крајбрежната полиција на островот Хиос изминатите два дена забележала шест лица како пливаат во насока кон брегот на Чешме.

Весникот „Етнос“ пренесува дека се работи за бегалци кои се од држави што не важат за воени зони и поради тоа немаат поднесено барање за азил бидејќи знаат дека нема да биде одобрено, а, наводно, биле и дел од групите кои побарале да бидат вратени во Турција.

Меѓутоа, самиот чин на бегство покажува дека веројатно се премислиле во врска со барањето, земајќи го предвид фактот дека ако се приклучат кон програмата за реадмисија во Турција, веројатно е дека, според договорот ЕУ – Турција, ќе бидат сместени во определените кампови, а потоа вратени во нивните матични земји, нешто што тие не би сакале да се случи.

„Овие мигранти се во безизлезна ситуација бидејќи чекаат повеќе од 40 дена во центрите, со ограничено движење, без дозвола да си заминат од островот и знаат дека нема да имаат среќа ако поднесат барање за азил бидејќи не доаѓаат од воени зони. Се надеваа дека ако стигнат до Турција пливајќи, ќе имаат можност да си ја побараат среќата на поинаков начин“, пишува „Етнос“.

Ситуацијата на Хиос, каде има притворен центар за мигрантите, е значително влошена поради честите судири, проблем кој доведе до тоа од островот да си замине службата за разгледување на барањата за азил, оценувајќи дека ситуацијата не е безбедна. За среќа, службениците деновие се вратени, но разгледувањето на барањата за азил оди многу бавно.

Според проценките на грчката влада, има толку барања за азил колку што има и луѓе на островите, од 7.000 до 8.000, и процесот на нивно разгледување оди многу бавно.

Во целата Грција има 54.340 бегалци, од кои повеќе од половина се во центрите за бегалци во северниот дел на државата и во кампот кај Идомени, каде денеска се регистрирани 9.440 бегалци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...