fbpx

Автобус и комбе се судрија на патот Радовиш – Штип, 17 лица се полесно повредени

-

Шеснаесет припадници на АРМ и едно граѓанско лице се повредени и се на иследување и прегледи во Клиничката болница во Штип, откако изутрината пред седум часот, автобусот со кој се превезувале, се судрил со комби возило. Сообраќајната незгода се случи на регионалниот пат Радовиш – Штип, кај м.в. Осми километар. Повредените лица се пренесени во Клиничката болница.

– Лицата се припадници на АРМ – 16 војници и еден возач. Прегледани се од ортопед и од хирург. Сите се прегледани, тие се со полесни повреди и не се во животно загрозувачка состојба – соопшти Марина Шуманска, портпарол на Клиничката болница во Штип.

Припадниците на Армијата патувале со автобусот од типот „Сетра“, во сопственост на фирмата „Тритерол“ од Струмица, која го реализира организираниот транспорт на релација Струмица – Илинден. Според соопштението на Генералштабот на АРМ, автобусот има потврда за исполнување на потребните технички услови за превоз на патници.

– Во сообраќајната незгода која според нашите и информациите од МВР се случила во 06.47 минути на осум километри пред Штип, се превезувале 16 (шеснаесет) припадници на Армијата до своите работни места во горенаведените гарнизони, при што според првичните сознанија кај дел од нив има полесни повреди и во моментот сите припадници се превезени во Болницата во Штип каде им се вршат лекарски прегледи со цел утврдување на нивната здравствена состојба. Увид на место на настанот е извршен од страна на јавен обвинител и МВР, а на лице место излезе и тим од воената полиција – соопшти АРМ.

Од СВР Штип повеќе информации за незгодата најавија во текот на денот.

На овој дел од регионалниот пат се изведуваат градежни работи и воспоставен е времен режим со ограничување на брзината на движење на возилата. Дополнително, изутрината коловозите беа влажни по ноќешниот дожд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...