fbpx

Атланта го совлада Хјустон

-

Серијата одлични настапи на Атланта хоукс продолжи и рано утрово, откако тимот на Перо Антиќ славеше над Хјустон со 104-96 за својата петта победа во низа, пренесе „Канал77“.

Хјустон настапи на овој меч без Џејмс Харден, но дури и во отсуство на првата ѕвезда, гостинскиот тим ги изненади „јастребите“, стигнувајќи до предност од 18 поени пред крајот на втората четвртина.

Сепак, „ракетите“ не успеаја да го издржат темпото што самите го наметнаа, па во вториот дел во ритам влегоа кошаркарите на Атланта, кои предводени од Џеф Тиг стигнаа до целосен пресврт и до голема победа.

Тиг со 25 поени го предводеше тимот на Атланта до овој голем триумф, Милсап стигна до дабл-дабл од 16 поени и од 14 скокови, а одличен беше и „резервистот“ Шродер, кој го заврши мечот со 16 поени и со осум асистенции.

Перо Антиќ одигра неполни 13 минути од натпреварот, реализирајќи три поени (1/3 за тројка), дополнети со два скока и со две асистенции.

Следен ривал на Антиќ и на неговите соиграчи ќе биде Кливленд, кој лесно се справи со Бостон, триумфирајќи со убедливи 110-79.

Предноста на домаќините по три четвртини изнесуваше повеќе од 40 поени, по што играчите на Кливленд се „смилуваа“ на гостите, овозможувајќи им нешто подостоен пораз.

Леброн Џејмс беше најпрецизен со 27 поени, со што „кралот“ се искачи на 21. место на вечната листа на стрелци во НБА-лигата.

Резултати НБА:

Мемфис – Јута 82-93, Шарлот – ЛА лејкерс 104-103, Кливленд – Бостон 110-79, Њујорк – Сакраменто 86-104, Атланта – Хјустон 104-96, Чикаго – Вашингтон 97-92, Денвер – Милвоки 106-95

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...