fbpx

Бугарски државјанин превезувал Сомалијци и Сиријци

-

На автопатот во правец Неготино – Велес, синоќа, од страна на полициски службеници за граничен надзор, бил даден светлосен сигнал за запирање на патничко моторно возило „сеат толедо“.

Возилото било со грчки регистарски ознаки, управувано од Н.П. (29) од Република Бугарија.

Од извршената контрола, констатирано било дека во возилото се превезуваат седум странски државјани од Сомалија и од Сирија на возраст од 20 до 23 години. По целосно документирање на случајот, против Н.П. ќе биде поднесен соодветен поднесок, додека илегалните мигранти ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...