fbpx

„Асошиејтед прес“ бара убиствата на новинари да се сметаат за воени злосторства

-

Претседателот и извршен директор на „Асошиејтед прес“, Гери Пруит, денеска повика на измена на меѓународниот закон со кој убиствата и киднапирањата на новинари би се класифицирале како воени злосторства.

Пруит рече дека новата рамка е потребна поради заштита на новинарите кои сè почеста се мета на екстремистите во земјите зафатени со конфликт.

– Своевремено, ознаката „прес“ или „медиум“ на облеката или на возилата подразбираше одреден статус на заштита затоа што репортерите беа прифаќани како независни цивили кои ја раскажуваат приказната за судирите. Таквата ознака денеска ги претвора во мета – рече Пруит на собирот на странски известувачи во Хонгконг, предложувајќи креирање посебен протокол во рамките на Женевската конвенција, со кој убиството на новинар би се сметало за специфичен вид воено злосторство.

Пруит истакна дека со таквите мерки „би се подигнала свеста за идејата дека медиумските работници, исто како медицинските сестри и лекарите, не треба да бидат мета за време на војна“.

– Новинарите заслужуваат таква заштита затоа што се смени природата на војување. Тие сè почесто се мета затоа што на екстремистите не им се потребни медиумски организации за да ја испратат својата порака. За тоа денеска им се доволни социјалните медиуми. Не им требаме и не нè сакаат. Тие сакаат да ја раскажат својата приказна од почеток до крај, без потенцијален критичен филтер, каков што подразбира новинарската професија – рече Пруит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...