Партиите не можат да се воздржат од политичка злоупотреба на убиствата на Палевски

Во политичката злоупотреба на случајот со двојното убиство се чини дека предничи ВМРО-ДПМНЕ, која преку серија на соопштенија изнесе серија на обвинувања кон власта

-

Грозоморното грабнување и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски веќе неколку дена се користи од политичките партии за размена на обвинувања во однос на тоа кој обезбедувал заштита од прогон на осомничениот Љупчо Палевски-Палчо.

Во политичката злоупотреба на случајот со двојното убиство се чини дека предничи ВМРО-ДПМНЕ, која преку серија на соопштенија изнесе серија на обвинувања кон власта. Па така, ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДС требало да се загрижени за прикривање докази и несоодветна истрага, додавајќи дека ова било кривично дело.

„Токму тие се власт и токму нивни кадри ги раководат институциите кои ако не направеа пропусти, ако реагираа на време или ако не го штитеа и охрабруваа Палчо немаше да дојде до оваа трагедија. Впрочем ако пред 7 месеци беа санкционирани Палевски и истата негова група за нелегално копање артефакти во Демир Капија и поседување нелегално оружје, немаше да дојде до оваа трагедија со изгубени два невини животи“, гласи денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Јавајќи на континуираниот интерес на јавноста за разрешување на случајот со двојното убиство, од ВМРО-ДПМНЕ денеска поставија прашање зошто возилото на убиениот велешанец се движело слободно по скопските улици и довело до ново убиство на 14-годишната Вања. Во ова соопштение, од ВМРО-ДПМНЕ вели дека истрагата на МВР потфрлила.

Во третото соопштение на истата тема во еден ден, од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека политички и полициски структури на СДС го охрабрувале Палевски да шири токсична атмосфера и да сее омраза, тврдејќи дека поради неказнивоста дошло до трагично двојно убиство.

„Преку своите поткасти и емисии на интернет портал, ширеше омраза и создаваше токсична атмосфера. Власта го охрабруваше да навредува, клевети, да се заканува, а кога Палевски се почуствува доволно недопирлив премина на рекет, уцени и на крај заврши со двојно трагично убиство“, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични обвинувачки наративи од најголемата опозициска партија се шират неколку денови наназад.

Од владејачката партија СДСМ пак возвраќаат со обвинувања за поврзаност на опозицијата со обвинетиот за двојно убиство Љупчо Палевски-Палчо.

СДСМ го напаѓа директно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, порачувајќи му да не молчи за средбите со Палевски. Социјалдемократите велат дека ако Мицкоски има поинакви информации за случајот со двојното убиство треба да ги достави до обвинителството, а во спротивно прикривањето докази е кривично дело.

„Палевски, кој е осомничен за двојното убиство што ја потресе целата македонска јавност, беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ и јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица“, гласи денешното обвинување на СДСМ кон опозицијата.

Социјалдемократите додаваат дека со радикалните ставови Палевски бил алатка на ДПМНЕ во црна кампања против СДСМ, но и против се што означува демократија во Македонија и за подгревање етнички тензии.

„Неговата маргинална политичка партија со радикална и проруска ориентација е производ и алатка на политиките на преќутна агресија од страна на ДПМНЕ во изминативе две децении. Затоа, надлежните органи, пред се Јавното обвинителство согласно законот имаат обврска да ги истражат односите на Палевски со сите негови соработници, вклучително и Мицкоски“, велат од СДСМ.

И премиерот Димитар Ковачевски не пропушти да го коментира обвинетиот за двојно убиство во вчерашното интервју за „360 степени“, додавајќи дека кога се фрлале молотови коктели врз МНР и на него му се правела гилотина пред Собранието и кога се организирала толпа што сакала да влезе во владата при усвојувањето на европскиот предлог, еден од личностите што бил на овие немири бил Љупчо Палевски Палчо, заедно со претседателот на Левица и претседателот на ДПМНЕ.

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен претрес ги...

По секоја цена да се оцрни ЕУ и да се оправда руската инвазија врз Украина

Вистиномер анализира објава на Фејсбук која вели: ЕУ ве лаже. Лаже за Романија, Молдавија и Грузија, ве излажа „Претседателот“ за вакцините против Ковид, корупцијата и трговијата со влијание. Се лаже за корумпираната украинска дикттура и војната што...

Верижен судир на скопската обиколница, повредени три лица

Три лица синоќа се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила на скопската обиколница, кај клучката Бутел кај Смилковското езеро кон Арачиново. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека...

Обид за убиство во Крива Паланка, нападната 22-годишна девојка

Јавното обвинителство вчеравечер соопшти дека е донесена наредба за спроведување истрага против 25-годишник од Крива Паланка за кој постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство во обид. Осомничениот, во семејниот дом...

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен...