fbpx

Асоцијација за е-трговија покренува иницијатива: „Хакирај ја сивата економија во е-трговијата”

-

Според анализите на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) направени во 2018 и 2020 година, сивата економија е една од бариерите со која се соочуваат е-трговците и која креира нелојална конкуренција за регистрираните бизниси. Граѓаните, иако знаат дека купувањето производи преку социјалните мрежи ја подгрева нелојалната конкуренција, сепак се одлучуваат на таков чекор, соопштуваат од АЕТМ.

„Загрижувачки се сознанијата од спроведениот прашалник на 2.800 купувачи, од кои над 70 отсто се изјасниле дека, иако се свесни дека се дел од сивата економија кога прават нарачки од нерегистирани субјекти на социјални медиуми, сепак и понатаму го прават тоа, што говори за нискиот даночен морал на населението, кој е клучен фактор за сузбивање на сивата економија. Затоа, во 2021 година АЕТМ става посебен фокус на активности насочени кон намалување на сивата економија во е-трговија”, вели Нина Ангеловска, претседателка на АЕТМ.

АЕТМ неодамна ја претстави програмата за 2021 година, во која на сивата економија во е-трговијата се става посебен акцент. Во првиот квартал од годинава објавен е првиот регистар на е-трговци и објави едукативно видео за последиците од оваа појава. Следна иницијатива е организација на првиот хакатон, насловен „Хакирај ја сивата економија во е-трговијата” кој ќе се одржи виртуелно, од 14 до 16 мај. Овој настан е поделен на две категории: „Едуцирај и мотивирај“ и „Детектирај и сузбиј“. Преку категоријата „Едуцирај и мотивирај” ќе се креираат и мотивираат решенија за подигнување на свеста за сивата економија и и нејзино избегнување. А, преку „Детектирај и сузбиј” ќе се креираат решенија кои ќе делуваат корективно, преку вклучување на самите граѓани и е-купувачи.

На хакатонот, чие пријавување почнува од денеска, ќе се изберат 50 учесници-студенти од Економскиот факултет-Скопје и од ФИНКИ, кои со експерти од домашни компании и од државни институции, ќе развиваат иновативни и практични решенија за борба против сивата економија во е-трговијата. Хакатонот ќе се одржи со поддршка од Mastercard како главен партнер.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...