fbpx

Апсења во Италија поради планирани терористички напади

-

Италијанската полиција уапси двајца Авганистанци на југот на земјата кои се осомничени дека планирале терористички напади во Италија, Франција и во Велика Британија.

Обвинителот Роберто Роси изјави дека нема докази дека нападите ќе бидат изведени, но оти постојат докази за планирани напади.

Осомничени се Хаким Насири и Гулистан Ахмаџаи. Првиот е обвинет за меѓународен тероризам, а другиот за помагање илегална миграција.

И двајцата во Италија престојувале поради хуманитарни цели.

Полицијата ги одзела нивните телефони, во кои се пронајдени снимки од оружје, како и видеозаписи и фотографии што сугерираат напади во Бари, Рим, Париз и во Лондон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...