fbpx

Анкета: 56 проценти од граѓаните тврдат дека пратениците не се достапни за средби

-

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (ИДСЦС) во периодот 5 мај – 6 јуни 2015 година, во рамки на проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“, спроведе истражување на јавното мислење околу перцепциите на граѓаните за работата на Собранието.

Некои од клучните наоди на истражувањето во однос на работата на Собранието во последните 12 месеци се:

• 76 проценти од испитаните целосно или делумно се согласуваат дека медиумите известуваат селективно за работата на Собранието.

• Речиси половина од граѓаните, 49 отсто, сметаат дека контролата на Собранието врз Владата е мала или изостанува. За 25 отсто контролата е соодветна, а за 10 проценти е голема.

• Само 7 отсто сметаат дека пратеничките прашања овозможуваат контрола на работата на извршната власт. 27 проценти од граѓаните сметаат дека пратеничките прашања немаат никакво влијание.

• Ефикасноста на Собранието за 57 отсто од граѓаните значи тоа да носи што е можно поквалитетни закони. За 7 проценти значи да носи што е можно повеќе закони и законски измени.

• За 49 проценти од граѓаните парламентот не е отворен за јавноста, а 41 отсто сметаат дека е отворен.

• Пратеникот од нивната изборна единица не е достапен за средби со граѓаните сметаат 56 проценти од испитаните.

• Само 28 отсто од граѓаните сметаат дека пратениците во Собранието ги застапуваат интересите на граѓаните и на изборните единици. За 34 отсто пратениците ги застапуваат личните интереси, а за 32 проценти интересите на партијата.

Истражувањето е спроведено по пат на теренска анкета, лице в лице, на 1.000 испитаници, при што се земени предвид половите, возрасните, етничките, образовните и просторните специфики на населението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.