fbpx

АМСМ: Свлечиште го прекина сообраќајот на патниот правец Прилеп – Ресен

-

Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот е повторно во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола.

Денеска на патниот правец А2Е, Охрид – Кичево, делница Подвис – Пресека, во период од 16 до 17 часот, ќе се изведуваат градежни работи на патот – минирање. Во тој период делницата ќе биде затворена за секаков вид сообраќај.

Од АД „Бетон“ известуваат дека поради изведување градежни работи за санација на свлечиште во Маврово, делницата од браната Маврово до селото Маврово е затворена за сообраќај за тешки товарни возила и за автобуси во период од два месеца, почнувајќи од 16 април 2015 година.

Сообраќајот за лесни возила се одвива по постоечка девијација, во согласност со сообраќајниот проект за привремен режим на сообраќај одобрен од Министерство за транспорт и врски.

Сообраќајот за тешки товарни возила и за автобуси може да се одвива преку селото  Леуново.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

На патниот правец Удово – Гевгелија, на клучката кај селото Марвинци, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

На регионалниот пат Гевгелија – локалитет Смрдлива вода, во местото Длабок дол, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лентa поради појава на свлечиште.

На територија на Струмица, поради оштетување на мост на река Турија, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на локалниот пат селот Просениково – село Сарај, а сообраќајот се одвива по заобиколен пат.

На патниот правец Р2232 Кочани – Злетово, кај селото Киселица, собраќајот се одвива со ограничена брзина од 30 килоетри на час, поради слегнување на коловозот во должина од 50 метри. Поставена е содветна сигнализација.

Во општина Крива Паланка, непрооден е патниот правец од селото Дурачка Река до селото Дренак во должина од седум километри.

На регионалниот пат Куманово – Кратово, кај излезот на селото Железница, има попуштеност на асфалт во должина од 10 метри и поставени се знаци за предупредување.

На патниот правец Лакавица – Неготино, на седум километри над селото Лесковица, има пропаѓање на патот во должина од 200 метри, на кој е извршена санација. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. На овој дел сообраќајот се одвива забавено.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трaботивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на реката Брегалница.

– Според известувањето од „ИРД инженеринг“, од 18 март 2015 година, почнати се градежни работи на мостот A1-43L (пред тунелот во Катланово), на автопатот А1 (Е75), делница Велес – Катланово, на стационажа 46 + 934, вклучувајќи должина од околу 250 метри, пред и по мостот. Сообраќајот се одвива по една лента, регулиран со ново поставена сигнализација. Планирано е работите да траат три и пол месеци.

– Од ГЕИНГ известуваат дека за потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на државен пат А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево, од 12 јануари годинава почнати се активности на патот, односно геодетско снимање и геотехнички истражни работи и се очекува да бидат со времетраење од пет месеци, односно до 12 јуни. Работите се изведуваат во временски период од 6 до 19 часот.

– Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

– Според известувањето од „ИРД инженеринг“ од 10 февруари 2015 година, почнати се работи на мостот A1-69L, на автопатот А1 (Е75), делница Велес – Катланово, на стационажа 63 + 556, вклучувајќи и должина од околу 250 метри пред и по 250 мостот. Сообраќајот се одвива по една лента и возачите се молат да внимаваат на ново поставената сигнализација. Планирано е работите да траат три и пол месеци.

– Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под привремен режим на сообраќај, и тоа: од крајот на трета лента (депонија Велес) до селото Лозово и оттау преку селото Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Учесниците во сообраќајот треба да се придржувааат на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација сè до завршување на градежните активности.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...