fbpx

Интерната истрага во „Македонски телеком“ ќе ја спроведуваат надворешни експерти

-

Најавената интерна истрага во „Македонски телеком“ и во „Ти-мобајл“, околу сомнежните за нивна евентуална вмешаност во аферата „Прислушување“, изнесени од лидерот на опозицијата, Зоран Заев, сепак, ќе ја спроведуваат надворешни експерти, потврдија за „Мета“ од „Дојче телеком“.

Во понеделникот, „Македонски телеком“ во соопштението за анексот на спогодбата за присоединување на „Ти-Мобајл“ кон „Македонски телеком“, штуро информираше дека одборот на директори на телекомот донел „одлука за одобрување на спроведување на најавената интерна истрага“, без да наведе детали дали истрагата ќе ја вршат надворешни консултанти, како што беше првично најавено и кој ќе ги ангажира.

Овие две прашања „Мета“ во вторникот им ги испрати на „Македонски телеком“, „Маѓар телеком“ и „Дојче телеком“.

Одговори добивме од унгарскиот телеком и од фирмата-мајка од Германија.

„Дојче телеком“ не е директно инволвиран во Македонија, туку преку својата унгарска подружница „Маѓар телеком“, која е директен акционер во случајот. Оттука, „Маѓар телеком“ ќе ја води планираната истрага, која ќе ја спроведат независни, надворешни експерти“, стои во дописот од Елпида Тризи од одделот за корпоративни комукации на „Дојче телеком“.

Од „Маѓар телeком“, пак, велат дека се „во близок контакт со „Македонски телеком“, во врска со ова прашање“ и дека „планираат истрага со поддршка на надворешни експерти“.

„Во согласност со политката на компанијата, не сме во позиција да коментираме за планираната истрага“, се вели во дописот од одделот за корпоративни комуникации на „Маѓар телеком“.

Од „Македонски телеком“ не добивме одговор на прашањата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...