fbpx

Американскиот претседател Џо Бајден под лупа откако биле пронајдени втора серија доверливи документи

-

Соработниците на Џо Бајден пронашле нова серија доверливи документи на втора локација, откако американскиот претседател веќе се најде под лупа за неговото ракување со владините документи.

„Гардијан“ пишува дека Белата куќа веќе е во дефанзивам по првите откритија – доверливи документи во ноември минатата година биле откриени во канцеларијата што ја користел Бајден по напуштањето на функцијата потпретседател на САД. Информацијата за откриените документи беше објавена во вторникот, а Бајден рече дека бил изненаден кога дознал за нивното постоење.

Документи вклучувале белешки од американското разузнавање и материјали поврзани со Украина, Иран и Обединетото Кралство.

Повеќе американски медиуми вчера објавија извештај, во кој се вели дека помошниците на претседателот пронашле друга група доверливи документи на друга локација, а нивото на класификација, бројот и точната локација на материјалите сè уште се непознати.

Би-би-си јави дека случајот е под ревизија на американското Министерство за правда.

Контроверзните откритија доаѓаат во време кога американскиот претседател од редот на Демократите е ставен под лупа од новото Републиканско мнозинство во Претставничкиот дом. Комисијата за надзор на Претставничкиот дом започнува истрага за претседателот и неговото семејство, со барање Белата куќа да ги предаде документите и комуникациите поврзани со доверливите досиеја.

Инаку, и поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп се соочува со кривична истрага поради наводно лошо постапување со доверливи досиеја. Во август минатата година агенти на ФБИ извршија претрес во домот на претходникот на Бајден на Флорида и запленија повеќе од 10 илјади досиеја што Трамп не ги предал во Националниот архив на САД. Повеќе од 300 документи биле со доверливи ознаки, а 18 биле означени како врвна тајна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...