ФБИ изврши претрес на имотот на Трамп во Флорида

-

ФБИ изврши претрес во понеделникот во одморалиштето Мар-а-Лаго на Доналд Трамп во Палм Бич, Флорида, како дел од истрагата за постапување со претседателските документи, вклучително и доверливи документи, кои можеби биле донесени таму, пренесе Си-Ен-Ен.

Поранешниот претседател потврди дека агенти на ФБИ биле во Мар-а-Лаго и рече дека тие дури упаднале и во неговиот сеф.

Според извори на Си-Ен-Ен, додека се одвивал претресот во Флорида, тој бил во кулата Трамп во Њујорк.

„Мојот прекрасен дом, Мар-А-Лаго во Палм Бич, Флорида, моментално е под опсада, рација и окупиран од голема група агенти на ФБИ“, рече Трамп во изјавата во понеделникот вечерта.

Неочекуваниот потег за претрес на домот на поранешен претседател го зголемува влогот за Министерството за правда и, како што пренесе Си-Ен-Ен, открива дека правните проблеми на Трамп продолжуваат на повеќе фронтови.

ФБИ првично не даде информации за причините за претресот. „Њујорк тајмс“ информира за можна поврзаност на акцијата со документи кои Трамп ги однел од Белата куќа во Мар-а-Лаго по завршувањето на неговиот претседателски мандат. Во САД, целата кореспонденција од претседателот мора да биде архивирана и чувана.

Одделот за правда има две познати активни истраги поврзани со поранешниот претседател, едната за напорите за поништување на претседателските избори во 2020 година и 6 јануари 2021 година, а другата која вклучува ракување со доверливи документи.

Претресот започна рано наутро во понеделникот, а според лице запознаено со ова прашање, персоналот за спроведување на законот е фокусиран на областа на клубот каде што се канцелариите и личните простории на Трамп.

Според извор од истрагата, претресот на ФБИ вклучуваше испитување каде се чуваат документите, и биле земени кутии со предмети.

Во февруари, Националниот архив на САД побара од Министерството за правда да го истражи Трамп за неговото ракување со службени документи, при што официјални лица кажаа дека тој незаконски искинал некои документи.

Претседателот на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом, кој го истражува ракувањето со документите од страна на Трамп, го повика Министерството за правда „целосно да го истражи“ начинот на кој поранешниот претседател постапувал со информациите.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...