fbpx

Американскиот амбасадор во ОБСЕ загрижен за политичките тензии во земјава

-

Американскиот амбасадор во ОБСЕ, Даниел Баер, изрази загриженост за политичките тензии во земјава.

– САД продолжуваат со големо внимание и со загриженост да го следат развојот на настаните во Македонија и ги повикуваат властите да искажат посветеност на владеењето на законот, почит кон слободата на изразување и кон интегритетот на демократските процеси во Македонија – порачува Баер.

Американскиот амбасадор на ОБСЕ ги повикува политичките лидери да побараат совет и помош од Организацијата за безбедност и соработка на Европа, од Секретаријатот на оваа организација и од другите структури, во исцртување на планот кон напредокот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...