fbpx

Харисон Форд повреден при пад на мал авион

-

Холивудскиот актер Харисон Форд, познат по улогите во филмовите „Индијана Џонс“, „Блејд Ранер“ и „Војна на ѕвездите“, бил повреден при пад на мал авион на терен за голф во близина на Лос Анџелес, јавуваат светските медиуми.

Според последните информации, кај 72-годишниот Форд биле констатирани „умерени“ повреди од падот на авионот-двосед, кој го управувал актерот.

Екипите на итната помош, кои веднаш интервенирале на местото на падот, извршиле имобилизација на ’рбетниот столб и ги спровеле сите потребни медицински протоколи.

Како што пренесуваат медиумите, Форд имал исеченици на лицето и индикации за можни скршеници.

Неколку часа по несреќата, неговиот син, Бен, на „Твитер“ напишал дека Форд е во болница и дека е добро.

Актерот, кој е искусен пилот, кратко по полетувањето, пријавил проблеми со моторот до контролната кула на аеродромот во Санта Моника, пишува „Гардијан“, и побарал итно враќање, но не успеал да го спушти авиониот, во кој бил единствениот патник.

Тој управувал мал авион, двосед, од типот „рајан ПТ-22 рекрут“, кој се користел за тренинг за време на Втората светска војна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...