Кинеската интернет-компанија „Алибаба“ стана највредната трговска фирма на светот според пазарната капитализација од 247 милиони долари. Промената настана откако акциите на компанијата во вторникот достигнаа рекордна вредност од 100,5 американски долари за една акција.

Кинеската компанија го престигна американскиот синџир на супермаркети „Волмарт“, компанија која ја држаше титулата најголема светска трговска компанија според приходи.

„Волмарт“ посетува 11.000 продавници во 27 држави и создава приходи од 473 милијарди долари, додека приходите на „Алибаба“ изнесуваат 8,7 милијарди долари. Сепак, кинеската компанија од вторникот се наоѓа на во елитниот клуб на 10 највредни светски компании.