fbpx
Таг: Алибаба

таг: Алибаба

Експерти од „Алибаба“, „Спотифај“ и „Вајбер“ доаѓаат во Скопје на Конференцијата за е-трговија

Најголемата конференција за е-трговија во Македонија оваа година по четврти пат ќе се одржи на 12 ноември под мотото „Ready, set, grow!”. „И годинава, конференцијата за е-трговија ќе биде место каде што сите присутни ќе можат да ги прошират своите знаења во областа на е-трговијата, како и да се запознаат со домашните и странски експерти од областа на е-трговијата, дигитализацијата,...

Кина отвори истрага против технолошкиот гигант „Алибаба“

Алибаба
Кинеската државна управа за регулација на пазарот објави дека е отворена истрага за технолошкиот гигант „Алибаба“ (Alibaba Group) поради наводни монополистички практики на компанијата. Регулаторите во четвртокот рекоа дека истрагата се фокусира на наводите дека компанијата ги принудува трговците кои огласуваат на нејзината платформа да потпишуваат ексклузивни договори за соработка, што потоа ги спречува да продаваат производи на другите платформи. Главниот...

САД забранија „Манигрем“ да се продаде на „Алибаба“

Регулаторите во САД го забранија продавањето на гигантската фирма за трансфер на пари „Манигрем“ (Moneygram) на кинеската „Ент Фајненшел“, компанија за дигитални плаќања на корпорацијата „Алибаба“. Продажбата беше најавена пред една година, а сумата што беше понудена изнесуваше 1,2 милијарди долари. Тоа е најголемата кинеска зделка досега, блокирана од администрацијата на Доналд Трамп. Комисијата за странски инвестиции вели дека геополитичките прилики...

Роботите ќе ги потиснат и директорите на компаниите, тврди првиот човек на „Алибаба“

Првиот човек на најголемата кинеска продажна веб-страница „Алибаба“, Џек Ма, вели дека светот треба да се подготви за болни промени во економијата, кои ќе ги предизвика интернетот. - Светот мора да го промени системот на образование и да се учи како се работи со роботите за да може да се ублажат ударите што ќе бидат зададени од автоматизацијата и од интернет-економијата – изјави...

Јапонската „Софт банка“ го продава уделот во „Алибаба“ за 7,9 милијарди долари

Јапонската „Софт банка“ соопшти дека ќе го продаде сопственичкиот удел во најголемиот кинески онлајн сајт за продажба „Алибаба“ во вредност од најмалку 7,9 милијарди долари. Aгресивната активност на банката за преземање на фирми ги намалила нејзините финансиски средства, па долгот во март изнесувал 106 милијарди долари. Продажбата на акции ќе го намали досегашниот сопственички удел на банката во „Алибаба“, од 32,2...

Сопственикот на „Алибаба“ стана советник на Дејвид Камерон

Основачот на кинеската интернет-компанија „Алибаба“, Џек Ма, е именуван за советник за економски прашања на британскиот премиер Дејвид Камерон, соопшти денеска британската влада. Тоа именување дојде еден ден пред посетата на кинескиот претседател Си Џипинг во Велика Британија, чија цел е зајакнување на економските врски меѓу двете земји. - Џек Ма ќе биде советник за зголемување на извозот на малите и на...

„Алибаба“ сака да го купи „кинескиот Јутјуб “ за 3,6 милијарди долари

Кинеската компанија „Алибаба“ понуди да го купи преостанатиот дел од кинескиот сервис за видеостриминг „Јоуку тудоу“ за 3,6 милијарди долари за да ја прошири својата основна дејност, продажба преку интернет. Со тоа, компанијата „Алибаба“, која ги проширува своите услуги и во филмската дејност, ќе добие поголема платформа за емитување на содржини, меѓу кои и холивудските скапи филмови. - Дигиталните производи, особено видеосодржините,...

„Алибаба“ стана највредната компанија во светот

Кинеската интернет-компанија „Алибаба“ стана највредната трговска фирма на светот според пазарната капитализација од 247 милиони долари. Промената настана откако акциите на компанијата во вторникот достигнаа рекордна вредност од 100,5 американски долари за една акција. Кинеската компанија го престигна американскиот синџир на супермаркети „Волмарт“, компанија која ја држаше титулата најголема светска трговска компанија според приходи. „Волмарт“ посетува 11.000 продавници во 27 држави и...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...