fbpx

Александар Вучиќ со убедлива победа на парламентарните избори во Србија

-

Српска напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ освои 52 отсто од гласовите на предвремените парламентарни избори, покажуваат првите резултати на Центарот за слободни избори и за демократија.

Според овие резултати, партијата на Вучиќ добива 162 пратеници во Собранието, кое брои вкупно 250 пратеници, односно ќе има апсолутно мнозинство.

Второто место со 14,4 отсто од гласовите го освои Социјалистичката партија на Ивица Дачиќ, а трета е Српската радикална партија на Воислав Шешељ, која освои 7 отсто од гласовите.

Овие предвремени парламентарни избори се 11. избори од воведување на повеќепартискиот систем во 1990 година. Од нив, седум беа предвремени избори, а три беа само во последните неколку години.

Излезноста на овие избори била 57 отсто од вкупниот број на запишани гласачи.

Изборите беа следени од 1.687 домашни и 196 меѓународни набљудувачи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.