fbpx

Албанија ги дискриминира лековите од Македонија, бара европско знаменце

-

Македонските фармацевтски компании нема да можат да ги извезуваат своите лекови во Албанија доколку тие не се регистрирани во Европска Унија, стои во новиот закон за лекови на Албанија.

Властите во Тирана во септември донесоа Закон за лекови со ретроактивно дејство, во кој се наведува дека фармацевтските компании од Балканот мора да ги регистрираат своите лекови во ЕУ. Компаниите имаат рок од шест месеци за да ги регистрираат своите лекови, а, во спротивно, во март следната година нема да можат да ги извезуваат ниту лековите кои досега се регистрирани и се продавале во Албанија.

Поранешниот директор на Бирото за лекови на Македонија, Илчо Захариев, оцени дека законот е дискриминаторски и има цел да ги истисне македонските и балканските компании од албанскиот пазар.

– На Балканот има фармацевтски компании со меѓународни признанија и сертификати, кои работат според стандардите на Европска Унија, како, на пример „Алкалоид“, која извезува и во САД. Бесмислено е да се бара дополнителна регистрација. Законот има цел да ги истисне балканските лекови, но тоа ќе наштети и на албанските граѓани – смета Захариев.

Македонските фармацевски компании веќе побарале помош од македонската Агенцијата за лекови, која веќе упатила иницијатива до своите албански колеги за надминување на настанатата состојба.

– Во иницијативата е укажано на одредби од законот за лекови, имајќи ја предвид обврската да се почитуваат меѓусебните договори (ЦЕФТА). Се надеваме дека во најскоро време оваа состојба ќе биде надмината и дека ќе продолжи меѓусебната успешна соработка особено во делот на фармацијата меѓу двете соседни земји – изјави директорката на Агенцијата за лекови, Марија Дарковска-Серафимовска.

Од Министерство за економија на Македонија, кое неделава е домаќин на неделата на ЦЕФТА, велат дека веќе се работи за решавање на проблемот со извозот и се надеваат дека ќе биде решен до петок, за кога е закажан мешовитиот комитет на ЦЕФТА. Доколку до петок не се „испегла“ спорниот закон, ќе се разгледуваат следни чекори.

Во меѓувреме, Србија најави воведување контрамерки против Албанија доколку таа не го елиминира спорниот член 12 од законот.

Заменик-министерската за трговија на Србија, Бојана Тодоровиќ, соопшти дека Европска Унија веќе е информирана за проблемот и им пружа помош на Македонија, Србија и на БИХ за побргу да го решат проблемот и да ги заштитат своите извозници.

Д.Т.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...