петок, 17 април, 2026
Meta.mk

Ознака: ЦЕФТА | 23 резултати

Бектеши: За најскоро време очекуваме взаемно прифатливо решение со Косово

јули 27, 2018

По средбата помеѓу министерот за економија Крешник Бектеши и косовскиот министер за трговија и индустрија Бајрам Хасани, забелешките за комплетно отстранување на заштитната мерка за повисока царина на одредени земјоделски производи, треба да се најдат пред косовската Влада. Иако мерката е делумно повлечена за поголем број производи, односно од 21, остана на сила за само […]

Бектеши од косовскиот колега ќе бара укинување на царината за сите производи

јули 25, 2018

Mинистерот за економија Крешник Бектеши најави состанок со неговиот косовски колега Бајрам Хасани, в петок на 27 јули. Производи кои останаа неопфатени со одлуката на косовската Влада за повлекување на мерките се доматите, пиперките, јаболката, крушите, сливите, малините и грозјето. „Во име на досегашната успешна трговска и, воопшто, економска соработка со Република Косово се надевам […]

Министрите од регионот го повикаа Косово целосно да ги укине зголемените царини

јули 25, 2018

Министрите од регионот денеска во Белград на заеднички состанок ја повикаа косовската Влада целосно да ги укине зголемените царини за извоз на земјоделски производи во Косово, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тие ја поздравиле одлуката на Косово за делумно укинување на зголемените царини, но побарале од Приштина итно и целосно да ги […]

Владата со контрамерки ако Косово не ги намали царините на земјоделските производи

јули 20, 2018

Во насока на решавање на проблемот со воведените зголемени царини од страна на Косово, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, е во постојана комуникација со ресорните министри од регионот, информираат од МЗШВ. Следната недела е планирана заедничка средба на сите ресорни министри од регионот, на која што ќе присуства и министерот Николовски, а […]

За зголемените царини во Косово, Македонија ќе се жали на ЦЕФТА и ЕУ

јули 19, 2018

Против одлуката на Косово да ги зголеми царините за одредени земјоделски производи, Македонија денеска ќе се пожали на ЦЕФТА и ЕУ, а ќе испрати и допис до министерството за трговија и индустрија на Косово, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Тој рече дека зголемувањето на царината за 30 отсто е прекршување на […]

МЗШВ прави анализа на штетите од царината на земјоделските производи за извоз на Косово

јули 18, 2018

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во овој период активно работи на заедничкиот Меморандум за соработка помеѓу македонското и косовското Министерство за земјоделство, кој што треба да придонесе за олеснување на трговската размена помеѓу двете земји, информираат од МЗШВ. „Одлуката од страна на Владата на Косово за воведување времена мерка за воспоставување на зголемена царина […]

Бектеши и Шаровиќ договориле економска соработка меѓу Македонија и БИХ

јули 24, 2017

Министерот за економија на Македонија, Крешник Бектеши, и министерот за надворешна трговија и економски односи на БИХ, Мирко Шаровиќ, на средбата во Сараево иницирале преговори за склучување договор за економска соработка помеѓу двете земји. Босна и Херцеговина е единствената земја од регионот со која Македонија нема потпишано ваков договор. – Босна и Херцеговина во последните […]

СКМ: Производството во земјоделството се намалува, причина се лошите политики

мај 22, 2017

Во првиот квартал од годината, извозот на земјоделски и прехранбени производи изнесуваше 57,5 милиони евра, што претставува намалување за 13,5 проценти во однос на истиот период лани, информираа од Стопанска комора на Македонија (СКМ). Во истиот период, за 14 отсто намален е и откупот на домашните производи. Во првите три месеци од годината, увозот на […]

ССК: Приватниот сектор во фокусот на „Недела на ЦЕФТА“

декември 7, 2016

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) е панелист на конференцијата „Недела на ЦЕФТА“, која годинава се одржува во Подгорица, по повод 10-годишнината од формирањето и од потпишувањето на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА). Главни негови цели се усогласување на економските односи меѓу државите преку развој на трговијата, комерцијалните активности, зголемувањето на животниот стандард […]

Одбележани 10 години од потпишувањето на договорот за слободна трговија ЦЕФТА

октомври 5, 2016

Во рамките на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) досега е постигната целосна либерализација во трговијата со земјоделски производи, се финализира процесот на преговори за олеснувања во трговијата, а во завршна фаза се преговорите за поширока либерализација на трговијата со услуги. Ова денеска го истакна министерот за економија, Дритон Кучи, на одбележување на десетгодишнината од […]

Кучи: Политичката криза да се надмине за да не трпи економијата

мај 31, 2016

Ако се земе предвид времетраењето на политичката криза во која се наоѓа Македонија и на тоа се додаде влијанието на остатоците од глобалната светска криза, но и мигрантската криза со која се соочува Европа, перформансите на домашната економија ќе претрпат удар. Неизвесноста кај деловните субјекти, и домашни и странски, влијае врз донесувањето одлуки за инвестиции, […]

Нема застој на албански камиони на македонско-албанската граница

април 11, 2016

Во врска со шпекулациите на одредени медиуми за застој на албански камиони со свежи зеленчук и овошје на македонската граница со Албанија и наводното прекршување на одредбите од Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА), Министерството за економија информира дека трговската размена меѓу двете земји се одвива во согласност со договорот, односно, според информациите добиени од […]

Делев: Реагиравме до Хрватска и до Брисел за проблемот со камионџиите

септември 24, 2015

Членките на ЦЕФТА, земјите потписнички на договорот за слободна трговија во Централна Европа, разговарале за итен состанок во земјата-претседавач Молдавија, доколку до вторник не биде тргната забраната за влез на камионите во Хрватска, информираше заменик-министерот за економија, Христијан Делев. Делев изјави дека како и ЦЕФТА, така и сите релевантни институции во Брисел се исконтактирани и […]

Незири: Регионалната трговија е од големо значење за економски пораст на регионот

јуни 19, 2015

На Економскиот форум за Југоисточна Европа, кој се случува во Софија, во рамки на претседавањето на Бугарија со Процесот на соработка на ЈИЕ, министрите за економија од регионот имаа можност да разговараат за економската соработка меѓу земјите во Југоисточна Европа, имајќи ја предвид Стратегијата за Југоисточна Европа, која претставува регионален одговор на Стратегијата ЕУ 2020. Министерот […]

Македонија очекува укинување на бариерите за извоз на лекови во Албанија и на вино во Србија

ноември 21, 2014

По дводневните панел-дискусии во рамки на неделата на ЦЕФТА 2014, на кои се разговараше на теми за зголемување на инвестициите во ЦЕФТА-регионот, за регионалните синџири на вредност, за глобалните и регионалните аспекти на олеснувањето на трговијата во ЦЕФТА, се одржа и форумот на стопански комори од ЦЕФТА-регионот, на кој министерот за економија, Беким Незири, денеска […]

Седница на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА

ноември 21, 2014

Мешовитиот комитет на потписничките на ЦЕФТА, денеска ќе одржи седница со која ќе претседава министерот за економија, Беким Незири. Седницата се одржува во рамките на Неделата на ЦЕФТА 2014, која се одржува во Скопје. На седницата ќе бидат финализирани активностите што се однесуваат на претседателството на Република Македонија со ЦЕФТА во 2014 година. Истовремено, ќе […]

Албанија ги дискриминира лековите од Македонија, бара европско знаменце

ноември 19, 2014

Македонските фармацевтски компании нема да можат да ги извезуваат своите лекови во Албанија доколку тие не се регистрирани во Европска Унија, стои во новиот закон за лекови на Албанија. Властите во Тирана во септември донесоа Закон за лекови со ретроактивно дејство, во кој се наведува дека фармацевтските компании од Балканот мора да ги регистрираат своите […]

Незири: Регионот е подготвен да исчекори напред и да ја подобри економската интеграција

ноември 19, 2014

Политики за промоција и за привлекување на инвестиции во државите-потписнички на ЦЕФТА и во регионот како целина, зголемување на потенцијалот за развој и промоција на синџири на вредности во индустриите од регионален интерес, како и зајакнување и координација на регионалните напори за олеснување на трговијата во согласност со меѓународните стандарди и принципи, беа темите на […]

Неделата на ЦЕФТА отворена во „Холидеј ин“

ноември 19, 2014

Денеска, во 9.30 часот, во хотел „Холидеј ин“, министерот за економија Беким Незири ја отвори неделата на ЦЕФТА 2014, која ќе почне со повеќе работни сесии, дискусии и со размена на искуства од примената на договорот ЦЕФТА, за подобрување на севкупната економска соработка во регионот. Програмата на неделата на ЦЕФТА е фокусирана на клучните приоритети на […]

Страна 1 од 1