Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, не верува дека може да има активности што би му наштетиле на изборниот процес. Ова, како што соопштија од ДУИ, Ахмети го истакнал на средбата со новоименуваниот амбасадор на Франција во земјава, Кристијан Тимоние.
Ахмети и Тимоние разговарале за политичката ситуација во земјава, изборите на 11 декември и за интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската Унија.
„Претседателот Ахмети ги изрази ставовите на ДУИ за политичката ситуација, велејќи дека секој треба да го даде својот придонес за веродостојни и сеопфатни избори. Ахмети не верува дека може да има активности на штета на изборниот процес и истакна дека ДУИ е против секој обид за заплашување или условување на гласачите“, стои во соопштението на ДУИ за средбата.
Ахмети на средбата со Тимоние ја истакнал потребата од француската поддршка за силно продолжување на Евроатлантската перспектива на Македонија.