fbpx

Камерон: Изборната победа дава мандат за преговори со ЕУ

-

Повторното преговарање за британските односи со ЕУ ќе биде тешко, но минатонеделната изборна победа на конзервативната партија, дава мандат тоа да се направи, истакна биртанскиот премиер Дејвид Камерон на денешното обраќање кон новинарите.

Камерон во текот на изборната кампања вети дека за статусот на Британија и на ЕУ ќе преговара пред да биде одржан референдумот за останување или излегување на земјата од ЕУ.

По изборната победа, Камерон воспостави телефонски разговори со неколку европски лидери, кои се однесуваа на повторното разгледување на позицијата на Британија во ЕУ.

Поранешниот претседател на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, истакна дека Камерон сега е во подобра позиција за трансформирање на британските односни со ЕУ, изнесувајќи мислење дека Унијата ќе му даде нешто од тоа што тој го бара.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Џафери: Спроведовме фер, демократски, европски избори

Во прес-конференција на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери за работата на Владата изминатите сто дена под негово раководство, тој се осврна на успешниот изборен процес,...