fbpx

Економската состојба, лошо оценета од 38 проценти од компаниите

-

За 21 процент од компаниите што се активни во Македонија, сегашната економска состојба е добра, 38 проценти ја оценуваат како лоша, а за 41 процент таа е задоволителна.

Ова го покажуваат резултатите на годинешната анкета на Македонско-германското стопанско здружение и Германската стопанска комора, која десетти пат ја спроведоа меѓу 179 компании членови, во првиот квартал од 2015 година.

– За разлика од лани, задоволството од даночниот систем е намалено. Големите и малите фирми се борат со честите законски измени. Очекуваат постабилни услови за работа. Полошо од изминатите години се оценети и трошоците на работење, што се однесува на зголемување на минималната плата, социјалните давачки за хонорарците, а лошо е оценета и политичката стабилност. Фирмите лошо го оценуваат и пристапот до нови средства – изјави заменик-амбасадорот на германската амбасада, Ханс Хелге Сандер.

Со најслаби оцени биле оценети транспарентностa на јавни набавки, ефикасностa на јавната администрација, политичката и социјалната стабилност, правната сигурност, условите за развој и за истражување. Исто така, и реформите што се спроведуваат во Управата за јавни приходи, поврзани со даночната политика, во однос на минатите години, беа оценети со послаби оцени. Во 2014 година, песимизмот во компаниите го достигна својот врв.

Компаниите позитивно ја оцениле продуктивноста на работниците, трошоците на трудот, квалификацијата на академското образование.

Она што го истакнаа истражувачите како резиме е дека скепсата за инвестирање не е толку силна и во Македонија се гледа позитивно место за инвестиции. Четири од пет компании повторно би се вратиле и би инвестирале овде. Од Комората и од Здружението порачаа да не се занемарат и негативните фактори.

„Владата треба да се погрижи за политичката стабилност поврзана со актуелните политички случувања. Во моментов економската состојба е задоволителна, нема изгледи за негативен тренд за извозот и за прометот. Анкетата меѓу компаниите ја правевме на почетокот од февруари, кога почна да се случува овој политички феномен. А, како ќе се одразува на економијата, можеме најточно да кажеме на следната анкета – изјави директорот на Германската стопанска комора во Македонија, Мартин Кнап.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Вкупно 35 милиони денари или 569 илјади евра чинела кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена од изборната кампања пред парламентарните избори што ќе се одржат в среда, на...